Франк Онјека
Огучукву Франк Онјека (роден на 1 јануари 1998 година, во Мајдугури) — нигериски фудбалер, играч од средниот ред на Брентфорд и на нигериската репрезентација. БиографијаОнјека е роден и израснал во Бенин Сити. Неговиот прекар е „Тенкот“.[3] Клупска кариераМидтјиландОнјека ја започнал својата кариера во родната Нигерија. Во јануари 2016 година, тој се преселил од нигерискиот клуб Ебедеи во Мидтјиланд во Данска,[4] каде минал низ младинските селекции за да го направи своето деби за првиот тим на 20 септември 2017 година, во натпревар од Купот на Данска добиен со 7-0 против нисколигашот Греве каде што исто така постигнал гол.[5] Своето деби во Суперлигата на Данска го направил неколку месеци подоцна во натпревар против Хорсенс на 9 февруари 2018 година, и одново постигнал гол за победата со 2-0.[5][6] Онјека повторно се истакнал во следниот натпревар, на 18 февруари, против лидерот во Суперлигата во тој момент, ФК Копенхаген, каде што играјќи на позицијата десно крило го постигнал својот втор првенствен гол за клубот во победата на Мидтијлианд со 3-1.[7] Последователно, тој бил пофален од главниот тренер Јес Торуп за неговата разноврсност и зрелост.[7] Првата професионална сезона во кариерата ја завршил со вкупно 18 настапи и 5 гола, помагајќи му на клубот да ја освои титулата во данското првенство. Онјека го направил своето деби во Лигата на шампионите следната сезона, играјќи во квалификацискиот натпревар против Астана на 24 јули 2018 година. Во втората сезона во клубот, тој бил дел од екипата која го освоила Купот на Данска; во финалето против Брондби добиено по изведување пенали, Онјека се појавил во игра од клупата за резерви во 66-тата минута на местото на Евандер. За време на сезоната 2019-2020, тој се претворил во еден од најважните играчи на Мидтјиланд и неизоставен елемент во средниот ред на клубот, играјќи во 32 од 36-те првенствени натпревари (сите четири кои ги пропуштил биле поради суспензија од жолти или црвен картон) и помагајќи му на својот тим да освои нова титула во данското првенство, трета во историјата на клубот, втора лична за Онјека. Онјека го напуштил Мидтјиланд во летото 2021 година, после 122 одиграни натпревари и 16 постигнати голови за клубот. БрентфордНа 20 јули 2021 година, Онјека потпишал за новопромовираниот клуб во Премиер лигата на Англија, Брентфорд за необјавена сума. Своето деби за пчеличките го направил на 13 август 2021, во изненадувачката победа со 2-0 над Арсенал на Брентфорд Комјунити Стедиум, во натпреварот со кој била отворена сезоната во Премиер лигата 2021-2022. Својот прв гол за клубот го постигнал на 13 април 2024 година, во победата со 2-0 над Шефилд Јунајтед во првенството.[8] Репрезентативна кариераСвоето деби за репрезентацијата на Нигерија го направил на 9 октомври 2020, во поразот со 1-0 од Алжир во пријателски натпревар одигран во Австрија.[9] Својот прв гол за својата земја го постигнал на 16 октомври 2023, во победата со 3-2 над Мозамбик исто така во пријателски натпревар.[10] Онјека бил повикан и играл за Нигерија на два купа на Африканските нации во 2021 и во 2023 година. Хронологија на репрезентативните настапиСтатистикаСтатистиката е ажурирана на 28 мај 2023. Клупска статистика
Титули
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia