Вилијам Трост-Еконг
Вилијам Трост-Еконг (роден на 1 септември 1993 година, во Харлем) — нигериски фудбалер роден во Холандија, играч од одбраната на ПАОК и на нигериската репрезентација. Роден во Холандија, тој е од мешано холандско и нигериско семејство, па имал право да игра за двете земји на репрезентативно ниво. И покрај тоа што играл за младите селекции на Холандија, во 2015 година тој го направил своето деби за сениорската репрезентација на Нигерија и оттогаш е стандарден репрезентативец на оваа земја. БиографијаБилијам Трост-Еконг е роден во Харлем, Холандија, од мајка холанѓанка, Елеанор Трост и татко нигериец. Тој има сестра и брат, Емили и Еверест. Вилијам израснал во Харлем, и потоа во Лондон каде учел средно училиште, но летата ги поминувал во Лагос каде што татко му се вратил по разводот со неговата мајка.[1] Тој започнал да игра фудбал за време на периодот кога престојувал во Англија. Технички карактеристикиЦентрален одбранбен играч многу силен физички и добар во играта во воздухот, тој е вешт во одбранбени зафати и во поставување на маневри.[2] Клупска кариераСвојата кариера ја започнал во Англија каде играл во младинските категории на Фулам и Тотенхем,[3] пред да се врати во Холандија каде дебитирал како сениор играјќи за Гронинген и Дордрехт.[4][5] Откако бил поврзан со трансфер во многу екипи меѓу кои и Селтик,[3] тој потпишал за белгискиот клуб Гент во јули 2015 година и веднаш бил позајмен на норвешкиот клуб Хаугесунд.[6] Во норвешката екипа, тој се покажал како многу значаен играч за клубот помагајќи му да обезбеди опстанок во неговата прва сезона. Во февруари 2016, тој бил назначен за капитен на Хаугесунд и го водел својот тим до четвртата позиција во првенството на крајот на сезоната и пласман во Лигата на Европа. Во јануари 2017, Трост-Еконг се вратил во Гент, но откако не успеал да се избори за поголема минутажа бил продаден на турската екипа Бурсаспор во јули истата година.[7] Во Турција се задржал само една сезона во која на 27 натпревари во првенството постигнал 2 гола. На 17 август 2018, Трост-Еконг станал нов играч на екипата на Удинезе,[8][9] со која дебитирал во италијанската Серија А само два дена подоцна во ремито 2-2 против Парма. Во двете сезони поминати во дресот на Зебрете под водството на Лука Готи, тој бил стандарден првотимец забележувајќи 65 настапи за клубот и помагајќи му да оствари некој незаборавни победи како оние над Милан и Јувентус. На 29 септември 2020, Трост-Еконг потпишал петгодишен договор со екипата на Вотфорд.[10] Тој го постигнал својот прв гол за стршлените во победата со 3–2 над Ковентри Сити на 7 ноември 2020 година.[11] Во својата прва сезона во клубот, со 32 настапи и 1 гол во првенството, тој му помогнал на Вотфорд да избори промоција во Премиер лигата за следната сезона. На 24 јануари 2023 година, Трост-Еконг се преселил во Салернитана на позајмица со право на откуп по завршувањето на сезоната.[12] Дебитирал три дена подоцна во победата на гостувањето кај Лече. На 27 мај 2023, го постигнал својот прв гол во Серија А во својата кариера, во победата на Салернитана со 3-2 над неговиот поранешен клуб Удинезе.[13][14] Во летото 2023, Трост-Еконг потпишал за грчкиот клуб ПАОК. Репрезентативна кариера![]() И покрај тоа што ја претставувал Холандија во селекциите под 19 и под 20 години,[3] Трост-Еконг сепак одбрал да ја претставува Нигерија. Своето деби за Super Eagles го направил на 13 јуни 2015, играјќи 90 минути во квалификациите за Африканскиот куп на нации против Чад.[15] Тој направил три настапи за сениорската екипа, пред да биде повикан во Нигериската олимписка репрезентација за Летните олимписки игри 2016 во Рио.[16] Во јуни 2018, тој бил повикан во 23-члениот состав на Нигерија за Светското првенство 2018 во Русија.[17] Ги одиграл сите три натпревари на својата земја во групната фаза. Во април 2019, тој изјавил дека играњето за Нигерија била "неговата најдобра одлука во животот".[18] Во јуни 2019, тој бил повикан да ја претставува Нигерија на Африканскиот куп на нации,[19] каде тој го постигнал победничкиот гол против Јужна Африка во 89-тата минута овозможувајќи и на својата репрезентација да мине во полуфиналето и на крајот да го освои третото место. На почетокот на 2022 година, тој повторно бил повикан од својата земја да учествува на Африканскиот куп на нации, за вторпат во својата кариерата. На 19 јануари 2022, тој го постигнал вториот погодок за Нигерија во победата со 2-0 над Гвинеја-Бисао, помагајќи им на Super Eagles да го освојат првото место во групата со максимален број на бодови. Сепак, нивниот пат завршил веќе во следната фаза, кога биле совладани со 1-0 од Тунис во осминафиналето. По неуспехот на Нигерија да се пласира на Светското првенството 2022, Трост-Еконг бил повикан за следното натпреварување на кое учествувале Super Eagles, Африканскиот куп на нации 2023 во Брегот на Слоновата Коска. Во вториот натпревар од групата, тој постигнал гол од пенал за победа на Нигерија над домаќинот со 1-0. Хронологија на репрезентативните настапиСтатистика на кариератаКлупска статистикаСтатистиката е ажурирана на 21 јануари 2022.
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia