Франс Емил Силанпе
Франс Емил Силанпе (16 септември 1888, Хајменкире — 3 јуни 1964, Хелсинки, Финска) — фински романописец, добитник на Нобеловата награда за литература во 1939 година за ретката сила на неговата поетска вообразба со која ги споил интелектуалната љубов и свежиот творечки стил.[1] ЖивотописПотекнува од сиромашно селско семејство. И покрај ограничените можнсти, родителите успеале да издржат за да го заврши средното образование. Со добротворни средства Силанпе се запишал на Универзитетот во Хелсинки во 1908 година, каде што изучувал природни науки. Уште како студент објавувал раскази во разни периодични изданија. Во 1913 година го напуштил универзитетот и се вратил во родното место за да се занимава со литературна дејност.[1] ТворештвоПрвиот негов роман „Сонце и живот“ излегол во 1916 година. Значајно постигнување бил романот „Света беда“, во кој се изнесуваат трагедијата во Граѓанската војна во Финска во 1918 година и страдањата на писателот како резултат на ужасната војна. Објективно и непристрасно Силанпе ги опишувал драматичните настани од финската историја, проникнувајќи длабоко во националната психа. По појавата на романот, владата му обезбедила доживотно издржување. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia