Светлана Александровна Алексиевич (белоруски: Святлана Аляксандраўна Алексіевіч; руски: Светлана Александровна Алексие́вич; украински: Світлана Олександрівна Алексієвич; р. 31 мај 1948) — белоруска новинарка и писателка која твори на руски јазик. Во 2014 година била номинирана[1], а во 2015 година добитник е на Нобеловата награда за литература.[2]
Животопис
Родена е во Украина во градот Станислав (од 1962 година Ивано-Франковск) од татко Белорусин и мајка Украинка. По завршување на училиштето, таа работела како репортер во повеќе локални весници и потоа како кореспондент на литературниот магазин Неман во Минск.[3]
Таа прави новинарска кариера и пишува проза од интервјуата со сведоците на најдраматичните настани во земјата, како Втората светска војна, Советско-авганистанската војна, Падот на Советскиот Сојуз и катастрофата во Чернобил. По прогонот од страна на режимот на Лукашенко[4], таа ја напушта Белорусија во 2000 година. Бегалската мрежа на меѓународни градови ѝ понудила прибежиште и во текот на следната декада таа последователно живее во Париз, Гетеборг и Берлин. Во 2011 година, Алексиевич се враќа во Минск.[5][6]
Литературно дело
Книгите на Светлана Алексиевич се опишувани како хроника на емоционалната историја на советскиот и постсоветскиот човек. Најпознати нејзини дела се:
- Војната нема женско лице, Минск, 1985
- Последните сведоци, Минск, 1985
- Цинкови момци, 1989
- Маѓепсани од смртта, 1993
- Чернобилска молитва, 1997
- Последните сведоци: сто недетски раскази, 2004
- Време на „од втора рака“, 2013
Награди
- Нобелова награда за литература за 2015 година
- Награда на мирот од германските книжари за 2013 година
- Награда Медичи за 2013 година
Наводи
Надворешни врски
|
---|
| 1901-1925 | | |
---|
| 1926-1950 | |
---|
| 1951-1975 | |
---|
| 1976-2000 | |
---|
| 2001-2025 | |
---|
|