Октавио Паз
Октавио Паз (31 март 1914, Мексико - 1998, Мексико) — мексикански поет, есеист, публицист, теоретичар на поезијата, антологичар, преведувач, основач и уредник на книжевни списанија и дипломат. Добитник е на Нобелова награда за литература во 1990 година. Се смета за најзначаен мексикански поет и, заедно со Сесар Ваљехо, Пабло Неруда и Хорхе Луис Борхес, водечки поет на хиспаноамериканската поезија.[1] ЖивотописРоден во Мексико, во 1914 година. Студирал хиспаноамериканска поезија во САД. На почетокот на Шпанската граѓанска војна учествувал на Меѓународниот конгрес на интелектуалците против војната и за одбрана на републиката. Престојувајќи повеќепати во САД, Франција и во други земји, а направил и долгогодишна кариера на дипломат. Последните децении од животот се повлекол во својата земја, каде активно учествувал во литературниот, културниот и општествениот живот. Умрел во Мексико, во 1998 година.[1] Работни обврскиПоет и мислител, но бил и љубопитник и патувач, професор и дипломат во Франција, Швајцарија, Индија, Јапонија и други земји. Својот повеќегодишен престој како амбасадор на Мексико и Индија (1962-1968) тој го крунисал со запознавање на културата, религијата и филозофијата на земјата и поопфатно на Истокот, што го инспирилало со длабоко поетско доживување и мислење за вечните теми на постоењето.[1] ИнспирацијаНеговата поезија била инспирирана од најсвежите извори на шпанската поетска традиција. Таа го изодела патот од барокот до романтизмот, а потоа за да се напојува со поезијата на францускиот симболизам и надреализам и на шпанската модерна, на егзистенционализмот и на поезијата на Елиот, Езра Паунд и Борхес, до современите текови на лириката од втората половина на XX век, на поезијата чиј значаен творец бил и самиот тој.[1] ПоезијаНајзначајни дела на Паз се:
исто така, Октавио Паз објавил и триесетина книги со есеи и студии.[1] ВлијаниеВо 1975 година, познатиот српски поет Васко Попа ја напишал песната „Додворување на карпите“ (српски: Удварање стенама), посветена на Паз.[2] Песната „Ноќеска во твојата постела“ на македонскиот поет Анте Поповски е инспирирана од следниве стихови на Паз: „Ноќеска во твојата постела / Бевме торјца: Ти јас месечината...“.[3] Слично на тоа, стихот на Паз: „Ветрот се враќа во студената постела на огнот“ е инспирација за песната „Студена постела на огнот“ на Анте Поповски.[4] НаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia