Александар Солженицин![]() ![]() Александар Исаевич Солженицин — (руски: Александр Исаевич Солженицын, 11 декември 1918 - 3 август 2008) — руски писател и нобеловец. ЖивотописСолженицин бил потомок на земјопоседници, засегнати од експропорцијата по Октомвриската револуција. Во 1941 година завршил математика на универзитетот во Ростов. Во февруари 1945 година бил уапсен за антисоветска пропаганда и осуден на осум години затвор и прогонство во Сибир. Во 1957 година бил рехабилитиран. ТворештвоВо 1962 година во списанието „Нови мир“ излегла повеста на Солженицин „Еден ден во животот на Иван Денисович“, во која низ погледот на еден затвореник се раскажува за безмилосниот живот во прогонство. Во своите подоцнежни раскази Солженицин го разобличувал сталинизмот - „Случајот на станицата Кречетовка“ (1963), „Во интерес на каузата“ (1963) и ги поддржувал христијанските и неотолстојските вредности (повеста „Куќата на Матренин“ од 1963 година). Откако во 1967 година испратил до Конгресот на писателите отворено писмо во кое се изјаснил против цензурата, неговите дела биле забранети и се објавувале само во странство: романите „Во првиот круг“ (1968) и „Одделение за рак“ (1968). Тоа се дела што го осудувале авторитарниот режим на Јосиф Сталин и системот на социјализмот. Во 1969 година Солженицин бил исклучен од Сојузот на писателите на СССР.
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia