Занкт Паули
Занкт Паули се наоѓа во округот Хамбург-Мите и е еден од 105 квартови на градот Хамбург, Германија. Се наоѓа на десниот брег на реката Елба, Ландунгсбрикен е северниот дел на хамбуршкото пристаниште. Во Занкт Паули се наоѓа светски познатиот црвен кварт околу улицата Репербан. ИсторијаНа почетокот на 17-от век е развиено соседство наречено 'Hamburger Berg' (хамбуршка планина) надвор од портите на соседниот град Хамбург и близу градот Алтона. Името доаѓа од ридот во областа, кој бил планиран во Хамбург во 1620 поради одбранбени причини (слободно поле за артилериски оган). Така, населбата првично била дозволено тука, но наскоро бизнисите, кои не биле посакувани во Хамбург, н.п. поради нивниот мирис и ѓубре биле преместувани во 'Hamburger Berg'. Исто така, јажарите (или 'Reeper' на долногермански) дошле тука, бидејќи во градот бил тешко да најдат доволно простор за нивната работа. Името на најпознатата улица на Занкт Паули, Репербан, или „Јаже патека“, враќајќи ја историјата. Кога и службено им било дозволено на луѓето да живеат во Занкт Паули на крајот на 17-от век, градската влада ги преселила работничките домови и инфективните болници надвор од градот во 'Hamburger Berg', кој подоцна бил именуван по неговата црква, 'St. Pauli' (Свети Павле). Настанале различни социјални борби во текот на последните декади (примери се Хафенштрасе, Роте Флора и Бамбуле). ГеографијаСе наоѓа директно на северниот брег на реката Елба близу хамбуршкото пристаниште. На југ се наоѓа Ајмсбител, на запад е Хамбург-Нојштат и источно од Алтона. Според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот имал вкупна површина од 2,6 км². ДемографијаЗанкт Паули имал 27.612 жители во повеќе од 17.000 домаќинства.[1] Имигрантите биле 27,9% од населението.[2] Имало 11,9% деца под 18 години и 9,3% од жителите имале 65 или повеќе години.[2] 63,4% од сите домаќинства биле сочинети од поединци.[1] ![]() ОбразованиеИнститутот за тропска медицина Бернхард Нохт (BNI) се наоѓа на Bernhard Nocht Straße 7. Тоа е истражувачки центар за тропски и заразни болести и обезбедува информациски центар околу здравствените ризици, вакцинациите и медицинските податоци околу другите држави за туристички и бизнис патувања. Порано во Bernhard Nocht Straße се наоѓал и болнички дел, кој сега е дел од Универзитетско-медицинскиот центар Хамбург-Епендорф (UKE), Martinistraße 52. BNI website Во 2006, имало 2 основни 1 средно училиште во Занкт Паули.[3] Култура и рекреацијаПознат симбол е нејзиниот фудбалски клуб, ФК Занкт Паули и стадионот Милернтор Архивирано на 9 април 2011 г.. Клубот бил домаќин на првиот FIFI Wild Cup во мај-јуни 2006. Во 2010, клубот Занкт Паули ја одбележал неговата 100-годишнина. За јубилејот обожавателскиот клуб 18auf12 снимил песна: One Hundred Beers (тесктот и музиката од Хенинг Кнор & Кристоф Брикс).[4] Занкт Паули има долга традиција како рекреација и центар за уживање. Големото хамбуршко пристаниште водело многу морнари во Хамбург, кои сакале да го трошат нивното слободно време (додека нивните бродови биле растоварени и повторно натоварени) во оваа област. Оттогаш, започнала проституцијата во Занкт Паули и сè уште е најпознатиот црвен округ во Хамбург. Црвениот округ е областа околу неколку улици околу улицата Репербан, често нарекувана како Kiez. Баровите и музичките клубови имаат долга традиција во Kiez St. Pauli. The Beatles живееле во Занкт Паули и свиреле во Star-Club пред да станат познати. Пејачот и глумец Ханс Алберс е силно поврзуван со Занкт Паули, обезбедувајќи му ја неофицијалната химна на квартот, со „Auf der Reeperbahn Nachts um Halb Eins“ („На Репербан во половина полноќ“) од филмот Große Freiheit Nr. 7. Квартот е наведен во песната „St Pauli“ од Art Brut, кои исто така содржи текстови „Punk rock ist nicht tot“ („панк-рокот не е мртов“). ИнфраструктураСојузната поморска и хидрографска агенција Bundesamt für Seeschiffahrt und Hydrographie (BSH) се наоѓа во Bernhard Nocht Str. 78. BSH е сојузна агенција која спаѓа под надлежност на сојузното министерство за транспорт, градежништво и урбани прашања. Меѓудругото, обезбедува информации за сите прашања на бродоградбата, специјалните фондови, пловните закони, сертификација на морнарите и информациите на трошоците и крајбрежните води на Германија. Службена страница на BSH Архивирано на 18 март 2018 г. СообраќајЖелезничкиот систем го опслужува Занкт Паули со градските возови, преку станиците Landungsbrücken и Reeperbahn и подземната железница, преку станиците Landungsbrücken, St. Pauli и Feldstrasse. Јавниот превоз е обезбедуван и од автобусите и фериботите на другите брег на реката Елба. Во 2006, според секторот на моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), биле регистрирани 5.487 приватни возила во Занкт Паули.[5] Наводи
Поврзано
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia