Централна банка на Црна ГораЦентрална банка на Црна Гора или, скратено, ЦБЦГ (Централна банка Црне Горе) - централна банка на Република Црна Гора. ИсторијаВо 1905 година, во Цетиње била основана Црногорската банка која била организирана како акционерско друштво со задача да прима пари на чување и да ги кредитира производството, занаетчиството и трговијата. Меѓутоа, по наредба на кнезот Никола од 11 април 1906 година, било овластено министерството за финансии, а не Црногорската банка, да искова пари од никел и бронза во вредност од 200 000 круни. На почетокот на мај 1909 година, кнезот Никола донел указ за емисијата на сребрени пари. Во указот за прв пат било нагласено името на црногорската валута – перпер. Така, во 1909 година, за прв пат во Црна Гора се појавиле сребрени пари, а во 1910 година биле изработени златни пари. Со приклучувањето на Црна Гора кон Кралството СХС во 1918 година, наместо перперот, на територијата на Црна Гора циркулирала новата државна валута – динарот. Со промената на уставот во 1931г. Народната банка на СХС станува Народна банка на Кралството на Југославија, која до почетокот на Втората светска војна, имала 24 филијалии. По основањето на Народната банка на Федеративната република Југославија во 1946 година, во Титоград (денешна Подгорица) била основана филијала под името Народна банка на Југославија – Централа во Титоград. Со уставните промени од 1972 година, филијалата на централната банка во Титоград продолжила да работи како посебно правно лице - Народна банка на Црна Гора, а со уставните реформи во 1977 година бил донесен законот за Народната банка на Црна Гора која функционирала до 1993 година, кога повторно станала дел од Народната банка на Југославија. Притоа, во Подгорица била задржана главната републичка филијала, но таа немала својство на правно лице. На 2 ноември 1999 година, Црна Гора вовела двовалутен систем во кој кофункционирале германската марка и динарот, а на 1 јануари 2001 година марката продолжила да функционира како единствена валута. Подоцна, од март 2002 година, еврото станало единствено средство за плаќање. Во меѓувреме, во март 2001 година била основана Централната банка на Црна Гора (ЦБЦГ), како самостојна институција на Република Црна Гора. Со измената и дополнувањето на Законот за Централната банка на Црна Гора, во 2017 година било извршено приспособување на регулативната рамка со онаа на Европскиот систем на централни банки.[1] Цели на ЦБЦГСпоред законот за ЦБЦГ, до влезот на Црна Гора во ЕУ, основните цели на банката се: поттикнување и одржување стабилен финансиски систем, поттик и одржување на здрав банкарски систем, сигурен и ефикасен платен промет и одржување стабилност на цените. Исто така, без да го доведе во прашање исполнувањето на основните цели, централната банка го поддржува остварувањето на економските политики на владата на Црна Гора, постапувајќи во согласност со принципите на слободен и отворен пазар и слобода на претприемништвото и конкуренцијата. По пристапувањето на Црна Гора во Европската унија, главната цел на централната банка ќе биде одржувањето на стабилноста на цените, во согласност со одредбите на членовите 127 (1) и 282 (2) од Договорот за функционирање на Европската унија и членот 2 од Статутот на Европскиот систем на централни банки и на Европската централна банка. ЦБЦГ ќе ги поддржува општите цели на економската политика на Европската унија и ќе делува во согласност со принципот на отворена пазарна економија со слободна конкуренција, фаворизирајќи ефикасно распределување на ресурсите, во согласност со принципите утврдени во Договорот за функционирање на Европската унија.[2] Функции на ЦБЦГВо склад со законот за Централната банка на Црна Гора, до влезот на Црна Гора во Европска унија, функциите на ЦБЦГ се:[3]
Политиката за постигнување на целите и извршување на функциите на ЦБЦГ ги дефинира насоките за основните активности кои произлегуваат од обврските утврдени со законот. Политиката на ЦБЦГ која се однесува на следната година се носи на крајот на тековната година и содржи деловни цели и мерки на нивна реализација. Управување, раководење и организацијаСо банката управува Советот на Централната банка на Црна Гора, кој го сочинуваат осум члена: гувернер, три вицегувернери и четири членови кои не се вработени во централната банка. Прописите кои ги донесува Советот се објавуваат во Службениот весник на Црна Гора. За работите на своја надлежност, Советот одлучува на седници кои ги свикува гувернерот, по правило еднаш месечно, но не помалку од десетпати во текот на годината. Во рамките на остварување на своите управувачки функции, Советот:[4]
Со централната банка раководи гувернерот кој ги извршува следниве задачи:[5]
Меѓународна соработкаВо областа на соработката со бројни меѓународни институции и организации, ЦБЦГ има најинтензивна соработка со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка. Црна Гора станала 185-та членка на Меѓународниот монетарен фонд на 18 јануари 2007 година. Квотата на Црна Гора на ММФ изнесува 60,5 милиони СДР. Гласачката моќ на Црна Гора е 0,04% од вкупното право на глас на Фондот. Во ММФ, Црна Гора ја застапува ЦБЦГ која делува како фискален агент на Црна Гора и депозитар во ММФ. Црна Гора членува во белгиско-холандската конституенца.[6] По членството во ММФ, Црна Гора станала и полноправна членка на Светската банка. Одредбите за членство на Црна Гора во ММФ го прават министерството за финансии на Црна Гора надлежен орган за соработка со Групацијата на Светската банка, додека ЦБЦГ ја извршува функцијата депозитар на средствата, т.е. водење на сите депозитни сметки во овие меѓународни финансиски организации.[7] ЦБЦГ активно учествува во процесот на преговори за членство на Црна Гора во ЕУ и интензивно соработува со министерството за европски прашања, како и со други релевантни институции. ЦБЦГ учествува во 14 работни групи за поглавјата од преговорите. Од петте поглавја на преговори кои директно се однесуваат на нејзините надлежности, ЦБЦГ управува со три поглавја (4. Слободно движење на капиталот, 9. Финансиски услуги, 17. Економски и монетарен сојуз) и активно учествува во работата на работните групи за Поглавјата 18. Статистика и 32. Финансиски надзор.[8] Монетарна политикаОсновните инструменти на монетарната политика на ЦБЦГ се:[9]
Финансиска стабилностВо членот 143 од уставот на Црна Гора (Службен весник на Црна Гора 01/07 и 38/13) се потенцира дека ЦБЦГ е одговорна за „монетарната и финансиската стабилност и за ункционирањето на банкарскиот систем“. Законот за Централната банка на Црна Гора (Службен весник на Црна Гора 40/10, 46/10, 6/13 и 70/17), во членот 4, ја потврдува оваа надлежност и ја утврдува како обврска за „поттикнување и зачувување на стабилноста на финансискиот систем, вклучително и унапредување и одржување здрав банкарски систем и безбеден и ефикасен систем на плаќање“. ЦБЦГ е дел од Советот за финансиска стабилност во кој, покрај претставниците на ЦБЦГ, учествуваат и претставници на Министерството за финансии, Комисија за пазарот на капитал и Агенцијата за супервизија на осигурување. Советот за финансиска стабилност во Црна Гора е формиран во јули 2010 година, со донесувањето на Законот за Советот за финансиска стабилност (Службен весник на Црна Гора 44/10), а започнал со работа во октомври, истата година. Активностите во рамките на работата на Советот се насочени кон спречување или ублажување на системските ризици во финансискиот систем на Црна Гора. https://www.cbcg.me/me/kljucne-funkcije/finansijska-stabilnost/uloga-i-aktivnosti-cbcg За проценка на финансиската стабилност, ЦБЦГ користи повеќе квантитативни и квалитативни индикатори кои се однесуваат на банкарскиот сектор, реалниот сектор, јавните финансии, платниот биланс, пазарот на капитал, како и макроекономски и финансиски индикатори за релевантните странски пазари. Заради соодветна проценка на ризиците, ЦБЦГ ги составува Индикаторите за финансиска сигурност во согласност со статистичкиот водич на ММФ.[13] СупервизијаЦБЦГ извршува задачи поврзани со регулирањето на кредитните институции (банки и филијали на странски банки) и давателите на финансиски услуги (компании за лизинг, компании за факторинг, компании за отплата на долгови, микрокредитни финансиски институции и фондови за кредитна гаранција), издавање лиценци и дозволи за работа на овие институции и супервизија на нивното работење со цел промовирање и одржување на безбедноста и стабилноста на финансискиот систем.[14] ЦБЦГ води регистар на банки со овластување за вршење на активности што не се утврдени со решение за издавање на работна дозвола. Регистарот на банката ги содржи следниве информации:[15]
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia