Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ - Јабланица
Воведение на Пресвета Богородица — гробјанска црква и стара манастирска црква на Топлечкиот манастир во селото Јабланица.[1] Црквата се посетува и во неа се изведува богослужба за време на поголемите празници.[2] Во кругот на црковниот двор се наоѓаат гробиштата на поголемиот број на семејства од селото.[2] МестоположбаПо својата местоположба се наоѓа во маалото Топлец. Некогаш на овој простор постоеле три цркви во склоп на Топлечкиот манастир.[2] ИсторијаОваа црква се смета за најстаро светилиште во селото Јабланица. За ова во еден документ стои забележано дека камен-темелникот бил положен во летото 1445 година. Црквата е обновена во 1962 година на темелите на постара градба. Завршена е во 1976 година, а осветена во 1978 година од страна на тогашниот Митрополит Дебарско-кичевски г. Ангелариј.[2] АрхитектураВо оваа црква може да се забележи скромната внатрешна украсеност со фрески и иконостас, но во 2009 година од црквата беа украдени колекција на вредни икони од познати иконописци помеѓу кои се наоѓала и икона на познатиот Дичо Зограф.[2] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia