Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ - Буринец
Воведение на Пресвета Богородица — црква во селото Буринец.[1] Сместена е во крајниот јужен дел од селото. ИсторијаЦрквата била изградена во XIX век. Во февруари 2011 година, црквата била ограбена и од неа биле изнесени икони.[2] АрхитектураГрадбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. На јужната страна е доградена припрата која е во целост затворена. Главната влезна врата на црквата е сместена од западната страна, а до внатрешноста на црквата води и споредна врата преку припратата од јужната страна. Над споредната врата има ниша со фреска на која е насликана Богородица Марија со Исус Христос. На ѕидовите од црквата и припратата има повеќе прозорци. Објектот е изграден од варовник и е покриен со кров од ќерамиди, додека припратата е варосана во бела боја и е покриена со лимен кров. Со лимен кров е покриена и апсидата. Дворот на црквата е ограден со камена ограда, а во него е сместена камбанаријата. Таа има квадратна основа и се состои од два дела, од кои првиот е изграден од камен, а вториот од лим и содржи по два отвори на секоја страна. Камбанаријата е покриена со кров од ќерамиди. ИконостасИконостасот во црквата е дело на Никола Аврамов и Константин Николов, кои биле ученици на Аврам Дичов.[3] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia