Константин Николов (зограф)
Константин Николов (Колов, Коловски) Дулев — македонски зограф и иконописец, претставник на Дебарската школа и припадник на зографскиот род Коловци. Животопис![]() ![]() Роден е во мијачкото село Лазарополе. Припаѓал на големиот зографски род Дулеви (Колоски), чии основоположници се Дуле и син му Никола. Често работел заедно со брат му Крсте Николов.[1] Двајцата во 1891 г. работеле во „Св. Петар и Павле“ во Сталиска Маала, Ломско, Бугарија.[2] Во 1898–1899 г. Константин Николов заедно со Никола Аврамов го изработил иконостасот на црквата „Воведение на пресв. Богородица“ во Буринец, Струшко.[3] Во 1900 г. учествувал во живописувањето на храмот „Св. Богородица“ во Македонски Брод.[4] Во 1906 г. ги изработил царските двери, влезните врати кон олтарот, дел од иконите на горните редови на иконостасот и амвонските икони за црквата „Св. Петар и Павле“ во битолското село Крстоар.[5] Во 1909 г. со Крсте Николов ги насликале иконостасните и други икони за црквата „Успение на пресв. Богородица“ во Долно Дупени, Ресенско.[6] Во 1924 г. со синовите Јаким и Теодосиј ја живописале црквата „Успение на пресв. Богородица“ во Слоештица, Демирхисарско.[7] Во 1926 г. со синовите Јаким, Томо и Теодосиј ја преживописале припратата на лазарополската црква „Св. Ѓорѓи“, за што говори натписот над јужната влезна врата во нартексот: „За успомен и за здравље обновио ових упореду три малих кубета, својим прилогом! Стефан Симоновић Жупчески са породицом. Живописац Коста Николић са синовима Јаћим Томо и Тодосија. Из Лазаропоља, 10 фебр. 1926 г.“[8] Во 1927 г. заедно со синовите Јаким и Теодосиј ги обновиле фреските во црквата „Св. Никола“ во мариовска Градешница, сликајќи ги горните подрачја на страничните кораби и средишниот кораб.[9] Родословие
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia