Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ - Росоки
Воведение на Пресвета Богородица — главна селска црква во селото Росоки, Општина Маврово и Ростуше. Се наоѓа на самото сретсело, покрај една од селските чешми. ИсторијаЦрквата потекнува од XVIII век и се одликува со извонреден живопис и икони од еден од најголемите мајстори во своето време Дичо Зограф, кој работел во црквата како едни од првите позначајни самостојни остварувања. Во храмот од негова страна се изработени престолните икони на иконостасот. Дичо ги изработил иконите Исус Христос Цар и Велики архијереј, Св. Јован Претеча, потпишани и датирани во 1844 година и Богородица Одигитрија, потпишана и датирана во 1845 година.[1] Во 1850 година, Дичо е повторно во Росоки каде ги изработува празничните икони за иконостасот и го работи живописот во црквата во лунетата над влезната врата. За овој негов ангажман сведочи ктиторскиот натпис, испишан над влезот во храмот, над јужниот надвратник. Овде Дичо остварува низа нарачки сè до 1854 година, меѓу кои се издвојува иконата Богородица со Исус и седумте допојасни претстави на светители, во долниот дел, од 1851 година, и Св. Харалампиј, од вратата на ѓаконикот, која ја потпишал и датирал во март 1852 година.[1] ГрабежЦрквата била ограбувана неколкупати, како дел од акциите на крадци кои пустошеле низ мијачките села. Била ограбена во текот на октомври 2012 година, заедно со црквите во соседните села Тресонче и Селце.[2] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia