Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ - Черешово (Драмско)
Воведение на Пресвета Богородица (грчки: Εισόδια της Θεοτόκου Παγονερίου) — црква во селото Черешово, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2] Црквата е изградена во 1835 г. според подоцнежен натпис, поставен на местото на постариот натпис над јужниот влез.[1][3] Градбата е трикорабна базилика со дрвен покрив и женска црква.[1][4] Има впечатлива камбанарија, изработена од делкан гранит. Според натписот на третиот кат, таа е направена од месни мајастори во 1881 г.[1][2] Ѕвоната се направени во 1832 г. Според легендата, жените на Черешово го собрале сет свој накит и откупиле друг од околните села за тие да се излеат.[2] Внатре има извесни икони во уникатен стил.[3] На таванот над средишниот кораб е претставен Седржител. Забележителни се и владичкиот престол и амвонот.[1] Иконата на владичкиот престол е донесена од грчките доселеници од Мала Азија; дело е на Кирјаз од Енос (Енез) и изработена во 1812 г.[2] Според Георги Стрезов во 1891 г. во црквата се служело и на словенски и на грчки.[5] На многу од преносливите икони има траги од стари кирилски натписи.[6] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia