Селото се наоѓа на десниот брег на реката Места, на северните падини на планината Боздаг. Лежи северозападно од Драма и североисточно од Зрново.
Историја
Во Отоманското Царство
Во средниот век Черешово било мало селце. До голем пораст на населението дошло во XVIII и почетокот на XIX век кога во Черешово се преселиле жители од околните села кои бегале од турското насилство. Поради ова, селото било големо, но атарот му е исклучително мал; жителите имале земја во околните атари.[6]
Во регистарот на домаќинства од втората половина на XV и почетокот на XVI век во Черешово се заведени 8 лица.[7] Во османлиски даночен дефтер од 1569–70 г. во селото имало 1 жител муслиман, преобратеник од прво поколение, како и 11 христијански семејства.[8] На списокот на немуслимански домаќинства во Неврокопскиот вилает од 13 март 1660 г. Черешово (Черешова) се води како село со 8 немуслимански семејства.[9]
Черешово, сместено на стрмнини над десниот брег на Места на подножјата на Боздаг. Од Неврокоп има само 8 часа пат, а од Драма цели 11. Се наоѓа на ЈИ од Неврокоп и служи како граница помеѓу Неврокопско и Драмско. Повеќето одат како ѕидари по Драмско, Скеча и Бугарија. Селаните се бедни. Црква „Св. Богородица“ во која се служи мешано. Училиште со машки и женски ученици сместено во прекрасна трикатна зграда. 30 ученици. 180 куќи; Македонци,[12] 75 Македонци-муслимани. Има и гркомани.[13]
“
По 1885 г. во грчкото училиште во селото предавал Атанас од Черешово. По 1903 г. предавал Јоанис Димитријадис, а по 1904 г. учителката В. Пасхали и учителите Г. Зјогас, Георгиос Тријандафилидис, Л. Јоанидис и ќерка му Јоаниду.[14]
За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска. Дел од турското население е убиено, а дел се спасило во бегство. Подоцна неколку турски семејства се вратиле.[6] По Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 1.092 жители.[5] Населението настрадало и во Првата светска војна, така што во 1920 г. неговиот број се свел на 668 жители.[5]
Во 1918 и 1919 г. дел од македонското население го напуштило селото и се преселило во Неврокоп и околината.[6] Во 1927 г. селото преименувано во Пагонери.[3] Во 1923 г. преостанатите Турци се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. Во 1924 г. по крвавиот Трлиски инцидент во Черешово биле сместени 106 македонски бегалци (30-тина семејства). Во 1928 г. селото е попишано со 341 жител, од кои само четири лица (1 семејство) биле грчки дојденци.[4]
Во 1945-46 г. имало нови иселувања во Бугарија кога населенито било принудено да бега од теророт на грчките националисти за да си го спаси животот. За време на Граѓанската војна селаните се повлечени во внатрешноста на земјата, но по војната тие се вратиле во селото.[5] Во следните децении дошло до помасовно иселување во поголемите градови.
Населението произведува тутун, компир, жито и други земојделски култури, а делумно се занимава и со сточарство.[5]
Месноти во Черешово преименувани со службен указ на 13 јануари 1969 г.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година
1940
1951
1961
1971
1981
1991
2001
2011
2021
Население
592
445
447
323
264
228
231
154
102
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Личности
Јоаким Граматиков (? – 1919) — револуционер
Атанас Димитров Карајанев (1866 - 1972) — духовник и општественик, деец на СМЕО
Велик Бојаџиев (1899 – 1967) — комунист во Бугарија
Георги Арнаудов (1901 – 1985) — лекар
Атанас Влахов (Αθανάσιος Βλάχος, Атанасиос Влахос) — гркомански андартски деец, четник на Дукас Гајдаѕис, учествувал во борбите кај Пршово и Крлуково; загинал во 1908 г. во борба со македонски единици[19][20]
Димитар Пенчев (Δημήτριος Πέντσας, Димитриос Пенцас) — гркомански андартски деец, четник на Константинос Даис (капетан Царас) во 1906–1907 г.[19]
Литература
Митринов, Г. Данни за антропонимията на с. Черешово, Неврокопско (дн. Драмско) от 1907 г. - Дзяло, кн. 17, 2020. с. 1-19. ISSN 1314-9067
↑ 6,06,16,2Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 16.
↑Горозданова, Елена (2001). Архивите говорят № 13 – Турски извори за българската история. София: Главно управление на архивите при МС. стр. 294. ISBN954-9800-14-8.
↑Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 124–125. ISBN954-8187-21-3.
↑Нарекувајќи ги „Бугари“ под влијание на бугарската пропаганда.
↑Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“(PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Осма (XXXVII–XXXVIII): 12.