Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Костинци
Рождество на Пресвета Богородица — црква во селото Костинци.[1] Сместена е во крајниот северен дел од селото, на десната страна од патот кој продолжува до соседното село Долгаец. Црквата е прогласена за споменик на културата. ИсторијаЦрквата била изградена во 1624/1625 година. Од натписот над влезната врата во внатрешноста на црквата се дознава дека ктитори кои ја подигнале црквата биле поп Стојко, Милош и Коста од блиското село Стровија. Денешниот изглед се должи на неколку фази на изградба. Во првата фаза од 1624/1625 година, храмот е подигнат како мала еднокорабна црква со полукружен свод и тристрана апсида на источната страна. Во XVII век, црквата била проширена од западната страна, така што добила припрата и трем.[2] Неодамна откриената мермерна плоча од 1918 година — напишана на македонски јазик со кирилско писмо — сведочи дека камбанаријата ја подариле браќата Костадин и Стојче Димоски. АрхитектураГрадбата на црквата има правоаголна основа со мала многуаголна апсида на источната страна над која има полукружна фреска. Влезот на црквата се наоѓа на западната страна и над него има ниша со фреска на којашто е прикажано Рождеството на Пресвета Богородица. Ниша со фреска на Богородица со Исус има и на јужниот ѕид. Кон дел од јужната страна бил дограден помошен објект, а на неговиот јужен крај се издига камбанаријата. Таа има квадратна основа и на секоја страна во горниот дел има по една монофора. Дворот на црквата е ограден со ограда од бетонски тули и во него се сместени селските гробишта. ЖивописЦрквата е живописана во сите нејзини делови. Живописот во наосот се состои од два слоја кои потекнуваат од XVII и XIX век, додека во припратата се среќава живопис од XVII, XVIII и XIX век.[2] Фрескописот бил изработен од околни зографи, кој се истакнува со своите уметнички дострели, а исто така во црквата има и ретки дрвени икони од почетокот на XIX век. Иконите на Исус Христос, на апостолите и на Богородица ја потврдуваат големата уметничка вредност, a фрескописот го отсликува Исусовиот пат од неговото создавање, страдање па сè до распетието и неговото воскреснување. Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia