Спомен-дом „Блаже Конески“
Спомен-домот на Блаже Конески - објект т.е. спомен-дом кој се наоѓа во прилепското село Небрегово во Општина Долнени. Овој објект како значаен споменик на културата, припаѓа на руралната архитектура.[1] Оваа куќа е родниот дом на великанот на македонската книжевност, академик Блаже Конески. Градбен стил на куќатаОписНеговата концепција е одраз на времето, просторот и поднебјето во кој е создаден и по сите проценки е изграден кон крајот на XIX век или на почетокот на XX век. Тоа е куќа на кат, објект од т.н. затворен тип, без посебно издвоен отворен дел од чардак. Помошните објекти кои го заокружуваат економскиот живот на домаќините се сместени периферно на парцелата.[1] РеставрацијаВо 2006 година, бил изработен и реализиран проектот за реставрација, конзервација и ревитализација на објектот. Според проектот, куќата на поетот била уредена во духот на архитектонскиот стил од крајот на 19 век, кога и била изградена. Оградата и објектите во дворот биле обновени и го задржале својот автентичен изглед, а дел од собите биле претворени во музејски простории и места за културни средби. Обновата на куќата чинела околу 140.000 евра.[2] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia