Црква „Св. Ѓорги“ - Горенци (Костурско, XIX век)За истоимената црква во селото од друг период, видете Црква „Св. Ѓорги“ - Горенци (Костурско, XVIII век).
Свети Ѓорѓи, месно наречена и Свети Ер (грчки: Αγίου Γεωργίου),[1] — црква во селото Горенци, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.[2] ![]() Црквата е изградена во 1882 г., што се гледа по натписот „18†82“ над полукружната апсида однадвор. Претставува трикатна трикорабна базилика. Внатре има забележителен резбан иконостас. Царските икони се од 1884 г., дело на зографот Атанасиос Панајоту од Костур (διά χειρός Αθανασίου Παναγιώτου εκ Καστορίας…1884).[3] Околу 1899 г. припадниците на Бугарската егзархија во Горенци, кои ја држеле малата истоимена црква „Св. Ѓорѓи“ успешно го презеле и овој храм, но патријаршистите ја потплатиле власта, па иницијаторите Гиљо и Цилка Костови и баба Бецелка се уапсени и мачени.[4] Пролетта 1910 г. Отоманскиот парламент се зафатил со решавање на спорот меѓу Патријаршијата и Егзархијата за црковниот и училишниот имот, со што на 10 август оваа поголема црква „Св. Ѓорѓи“ им е предадена на егзархистите. Во неа служел свештеникот Лев Адамов. На 5 јули 1913 г. клучевите од црквата и бугарското училиште се одземени од новата грчка власт.[5] Во 1996 г. оваа црква, заедно со другата истоимена црква од XVIII век се прогласени за заштитени споменици на културата.[2] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia