Црква „Св. Ѓорги“ - Горенци (Костурско, XVIII век)За истоимената црква во селото од друг период, видете Црква „Св. Ѓорги“ - Горенци (Костурско, XIX век).
Свети Ѓорѓи, месно наречена и Свети Ер (грчки: Αγίου Γεωργίου),[1] — црква во југоисточниот дел на селото Горенци, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.[2] Храмот и изграден во втората половина на XVIII век, околу 1770 г. Првобитно била трикорабна базилика со дрвен покрив со ќерамиди, живописана припрата, наос и светилиште. Денес е зачуван само мал дек од изворниот изглед — жртвеникот и дел од наосот, околу 2 м. Зачувани се четиристолбен кивот (балдахин) на Чесната трпеза, убав резбан иконостас со вредни икони и украсен таван.[3] Во 1996 г. оваа црквичка и истоимената гробишна црква во селото се прогласени за заштитени споменици на културата.[2] Од 1897 г. до Илинденското востание во 1903 г. црквата била под врховенството на Бугарската егзархија.[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia