Селото се наоѓа на 6 километри источно од Костурското Езеро во историско-географската област Пополе во северозападните делови на планината Сињак. Селото се наоѓа на надморска височина од 930 метри.
Историја
Во XV век во Горенци биле еидентирани 98 глави на домаќинства.[3]. Во османлиските даночни регистри од средината на XV век Горенци е споменато со 38 семејства на Филип, свештеникот Јован, Влајко, Мануел, Ѓурко, Ѓурко, Којо, Алекса, Дражо, Станиша, Јорко, Стојан, Јано, Стојан, Драгивој, Михо, Јован, Којо, Јано, Којо, Никофор, Герг, Добри, Мано, Стефан, Стајко, Стајко, Тодор, Јано, Димос, Јано, Коста, свештеникот Стамат, Марко, Никола, Андријас, Никола и Ѓуро. Вкупниот приход за државата од селото изнесувал 3.535 акчиња[4].
Црквата посветена на „Св. Ѓорги“ на гробиштата е прогласена за заштитен споменик на културата[5]. Според Тодор Симовски локална легенда вели дека селото било основано од жителите на селата Саракина, Цакони и Л’нтово кои биле опожарени во немирни години при управувањето на Али-паша Јанински[6]. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Горенци било евидентирано двапати, и тоа еднаш како Горинца со 1.500 Македонци и вторпат како Боренци со 300 домаќинства од 500 муслимани и 450 Македонци (второто очигледно не е однесува на ова село или е грешка).[7][8] Во 1888 година во селото било основано егзархиско училиште, додека прв учител бил Григор Данданов.[9].
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Горнеци се води како мешано македонско-турско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 455 куќи.[13]
Селото било под влијание на Бугарската егзархија на почетокот од XX век. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 768 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија, 1.672 македонски патријаршисти, 180 Власи и 60 Роми. В селото функционирале българско основно училиште и прогимназиско и две основни грчки.[14] Според свештеникот Златко Каратанасов од Бобишта, учител во егзархиското училиште во Горенци во 1900 - 1901 година, селото имало 150/160 турски куќи и 350 македонски, од кои само 44 егзархиски[15]. Во егзархиското училиште е во Горенци предавал Константин Шапкарев[16].
Според грчката статистика од 1905 година селото било мешано со 2.080 Грци, 70 Македонци и 850 Турци[17] Селото си останало мешано до крајот на 1912 година. Во 1908 година македонските егзархиски семејства броеле 70, додека во 1909 имало 200 македонски егзархиски и 150 патријаршиски македонски семејства. Гркоманите ги задржиле училиштето и црквата во селото[18] . Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 350 македонски семејства и 150 турски[19].
Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[6]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 1731 жител, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 1921 жител. Во 1919 година, селото било преименувано во Корисос.[20]
Во текот на Првата светска војна, според официјалните бугарски документи, 11 жители се засолниле во Бугарија, додека 28 заминале во Бугарија по 1919 година.[21] Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Бројот на турски семејства кои се отселиле бил 75, додека бројот на грчки бил 87 семејства, и тоа 67 од Мала Азија, 15 од Понд и 5 од Источна Тракија. Во 1932 година во селото имало 330 македонски семејства.
Во текот на Втората светска војна, селото било окупирано од страна на германските окупатори[22], по кое било предадено на бугарските сили. Селото не настрадало во текот на Грчката граѓанска војна.
Во 1928 година селото броело 1468 жители.[23], додека во 1940 година селото броело 1627 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 1835 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 1136 жители, во 1971 година имало 1150 жители, во 1981 година имало 1175 жители, додека во 1991 година имало 1160 жители и во 2001 имало 1309[24]. Денеска, населението на селото е 998 жители според пописот од 2011 година.
Година
1905
1913
1920
1928
1940
1951
1961
1971
1981
1991
2001
2011
Жители
3.000
1.731
1.921
1.468
1.627
1.835
1.136
1.150
1.175
1.160
1.309
998
Личности
Родени во Горенци
Икона на Свети Дионисиј ГоренскиНиколаос Андониу„Придонеси кон двојазичноста на Македонците“ на Константинос Цулкас од Горенци.
↑Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г. Македонски научен институт, София, 1995, стр. 108-109 и 110-111. Боренци може да е и кайлярското село Биралци.
↑Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne. Paris, 1905, pp. 182-183.
↑Каратанасов, Златко. Черковно-училищната борба (1868 - 1903), Материяли из миналото на Костурско, Костурско благотворително братство, София, 1935, стр. 7, 41.
↑Каратанасов, Златко. Черковно-училищната борба (1868 - 1903), Материяли из миналото на Костурско, Костурско благотворително братство, София, 1935, стр. 32.