Црква „Св. Ѓорѓи“ - Арменско
Свети Ѓорѓи (грчки: Aγίου Γεωργίου) — манастирска црква во селото Арменско, Леринско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Црквата е изградена во 1873 г. и е еден од најпретставителните храмови во тој крај.[2] Според Георги Трајчев, манастирот на ова ацрква е основан во 1860 г.[1] За неговата историја тој вели:
На крајот од отоманскиот период во 1912 г. Арменскиот манастир заедно со Ајтоскиот манастир („Св. Архангели“) во Ајтос и Нередскиот манастир („Св. Лука“) во Неред бил еден од трите манастири на Бугарска егзархија во Леринско.[3] Црквата во архитектонски поглед претставува трикорабна базилика со трем од запад. Олтарниот простор е живописан. Има вреден разбан и насликан иконостас со стари икони. Прогласена е за заштитен споменик на културата во 1985 г.[2] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia