Од долунаведеното може да се види дека Цариградската патријаршија сето време претендирала врз териториите на Охридската архиепископија сè додека не успеала да го издејствува нејзиното укинување во 1767 г.
Историја
Мегленската епископија се смета себеси за наследник на Хераклејската, чие седиште било во Хераклеја Линкестис кај Битола. Епархијата го носи името на областа Меглен, и своевремено веројатно имала седиште во тврдината Меглен.[3] Епископијата за првпат е спомената во грамотата на царот Василиј II од 1018 г. со која се утврдуваат границите на Охридската архиепископија.[4] При археолошкото ископување на тврдината откриена е епископската базилика — катедрала на Мегленската епархија.[5]
По уривањето на тврдината Меглен, седиштето на епископијата е преместено во богатото планинско село Ноти.[3] Епископот Антим (1691 – 1699) е споменат како Мегленско-молиски (Μογλαινών και Μολεσχών) и веројатно Молиската епархија е споена со Мегленската. Оваа титула останала сè до XVIII век во различни облици: Мегленско-молиски (Μογλενών και Μολισκού), Мегленско-молоски (Μογλενών και Μολοσχών, Μογλενών και Μολισχού).[6] Во 1719 г. Мегленската епископија со седиште во Ноти е претворена во митрополија (Μογλενών).[3]
Во 1762 г. по потурчувањето на мегленскиот епископ во 1759 г. седиштето на митрополијата е преместено во Катраница и митрополитската титула станува Мегленско-катранички (Μογλενών και Κατρανίτζης). За мегленско-катранички епископ во декември 1762 г. е избран Герман.[3][7] Понякога името е само Катранички (Κατρανίτζης).[3]
Потоа седиштето за кратко е преместено во Емборе со катедрална црква „Св. Мина“.[8] За време на Неофит (1824 - 1858) седиштето е преместено во Лррин.[9] Во 1925 г. името на епархијата е сменето од Мегленско-леринска (Μογλενών και Φλωρίνης) во Леринско-мегленска (Φλωρίνης και Αλμωπίας). Во 1924 г. од епархијата одвоено Кајларско и образувана е новата Новопелагониска епархија, укината во 1935 г.[10] Сè до 1943 г. епархијата била Леринско-преспанско-мегленска (Φλωρίνης, Πρεσπών και Αλμωπίας), кога е преименувана во Леринско-мегленско-еордејска (Φλωρίνης, Αλμωπίας και Εορδαίας). Со решение на синодот на Грчката православна црква од 22 јуни 1967 г. го носи сегашното име, откако Меглен ѝ е предаден на Воденската епархија.[11]
Епископи
Потписот на црковнословенски на анонимниот епископ на Меглен под актот за соборување на патријархот Јоасаф II Цариградски во 1565 г.Разни печати на Мегленската митрополијаКондика на Мегленската митрополија под митрополитот Антим и неговиот секретар Аристид Т. Јанопулос од Бунар Хисар, 7 март 1907 г.Документ на Мегленската митрополија, 1912 - 1913 г.Телеграма од Поликарп Лерински до премиерот Венизелос со молба војската да ја ослободи зградата на поранешната егзархиска општина во Лерин, за да може да се користи како гимназија, 1914 г.
Споменат од охридскиот архиепископ Димитар Хоматијан како „Светиот епископ Мегленски“ (Ιερώτατο επίσκοπον Μογλαίνων), ја добил неговата поддршка против обвиненијата дека ракополагал во диецеза на Вселенската патријаршија[12]
Како Мегленско-катранички митрополит (Μητροπολίτου Μογλενών ή Μογλενών και Κατρανίτσης)[6] се среќава во многу документи со негов потпис; во негово време во 1759 или 1770 г. е исламизиран Меглен и седиштето се преместува во Катраница[14]
↑Сава, Епископ Шумадијски (1996). Српски јерарси од деветог до двадесетог века. Евро Београд, Унирекс Подгорица, Каленић Крагујевац. стр. 131. Архивирано од изворникот на 2013-02-11. Посетено на 3 февруари 2014 г. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)