Неред (село)
Неред (грчки: Πολυπόταμο, Полипотамо; до 1927 г. Νερέτη, Нерети[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на Леринскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 314 жители (2011), сите Македонци.[3] Географија и местоположбаСелото се наоѓа во источните пазуви на Нередска Планина (Вич), 20 км југоисточно од Лерин и 14 км југоисточно од Кучковени. Лежи на надморска височина од 940 м, а атарот зафаќа површина од 31 км2.[3] Низ Неред течат две рекички кои потоа се обединуваат, образуваќи ја поголемата Грашина Река.[3] ИсторијаОсманлиско времеСелото е многу старо, но за првпат се спомнува во турски тефтер од 1481 г. со 65 домаќинства.[4] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ која се однесува на 1873 г. Неред е наведен двапати — еднаш како Неред (Nerede), село во Леринската каза со 25 домаќинства и 50 жители Македонци[5] и вторпат како Нерет (Nérète), село во Костурската каза со 150 домаќинства и 460 жители, исто така Македонци.[5][6] Според Николаос Схинас („Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας“) во средината на 1880-тите Неред (Νεράτι Φλωρίνης) имал 1.970 жители христијани.[7] На почетокот на XX век Неред е заведено како село во Леринската каза. Меѓу 1896 и 1900 г. селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[8] Ѓорче Петров го наведува Неред има 200 македонски куќи.[3] Во 1900 г. според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Неред живееле 1.950 Македонци христијани.[5][9] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Неред се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 297 куќи.[10] Жителите на селото зеле учество во Илинденското востание во 1903 г. што уследило со казнени акции на османлиската војска. Меѓу уапсените бил попот Христо, испратен да лежи 5 години затвор во Дијарбакир, но бил амнестиран согласно Бугарско-турската спогодба од 1904 г..[11] Во 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[12] По податоците на егархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. селото имало 2.336 жители Македонци[5] и работело бугарско училиште.[13] Во училиштето во Неред во учебната 1904/1905 предавал деецот на ВМОРО, Тодор Златков.[14] Неред претрпел два јуриша од единиците на Павлос Мелас, а потоа и други андартски чети, во кои се убиени многу жители. Многу од преживеаните на почетокот на XX век се иселиле во САД.[15] Во септември 1910 г. селото настрадало во разоружувачката акција на младотурците, со барање мештаните да предадат 1.200 пушки кои ги чуваат.[16] Припојување кон Грција![]() Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 2.075 жители.[3] Меѓу 1912 и 1928 г. многу од жителите на Неред се преселиле во прекуокеанските земји.[3] Во 1920 г. селото е попишано со 1.666 жители, т.е. во патописниот попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ евидентирал 400 македонски христијански куќи.[3] Во 1927 г. властите го преименувале Неред во Полипотамон.[17] На пописот во 1928 г. се евидентирани 1.697 жители. Втора светска и граѓанска војнаЗа време на Втората светска војна селото настрадало од окупаторските власти.[18] Селото прилично настрадало и во Граѓанската војна, поради што околу 150 лица го напуштиле, преселувајќи се во Р Македонија и источноевропските земји.[3] По нормализацијата на состојбите, иселувањето продолжило, овојпат повторно во прекуокеанските земји, така што Неред во 1951 г. се свел на 1.046 жители.[3] Истражувањето спроведено во 1993 г. утврдило дека Неред е чисто „славофонско“ село и дека македонскиот јазик во него е одлично зачуван.[19] Знаменитости
НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаСелото припаѓа на општинската единица Кучковени со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Лерин, во округот Лерин. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Неред, каде тоа е единствено населено место. СтопанствоНаселението се занимава со земјоделство и сточарство. Особено познат производ на Неред се јагодите, прочуени по свјот квалитет и арома, кои месното население ги нарекува „планушки“.[3] Личности
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia