Црква „Св. Ѓорѓи“ - Врбјани
Св. Великомаченик Ѓорѓи — црква во охридското село Врбјани, Општина Дебрца. Му припаѓа на Охридското архијерејско намесништво во Дебарско-кичевската епархија на МПЦ - ОА. Прогласена е за културно наследство на Македонија.[1] ИсторијаСпоред преданијата, црквата е градена од 1322 до 1340 година, и требало да биде осветена во 1345 г. од охридскиот архиепископ Николај I, но тој откажал бидејќи бил повикан да го круниса Царот Душан во Скопје. Потоа црквата останала неосветена речиси три века, сè до изработката на живописот во 1605 г. Други оваа година ја сметаат за датумот на подгање на храмот. АрхитектураОва е гробишен храм сместен на возвишение во северозападниот дел на селото. Претставува еднокорабна градба од кршен камен со полукружен свод. Тристраната апсида на исток е изградена од бигор. Во внатрешноста на северниот и јужниот ѕид има длабоки ниши.[2] Во 1995 г. е извршена целосна реконструкција на покривот.[2] На 30 јуни 2019 г. е извршено преосветување на светиот престол во храмот од митрополитот Тимотеј Дебарско-кичевски.[3] ЖивописЦрквата е живописана во 1605 г.[4] според зачуваниот натпис.[2] На вториот натпис сместен во олтарниот простор се испишани имињата на дарителите и мајсторите.[2] На северниот ѕид на храмот се претставени Свети Наум Охридски Чудотворец како архијереј и Свети Кирил Философ, а на јужниот се насликани Свети Ахил Лариски и Свети Прохор Охридски. Сите овие светци се особено почитувани од Охридската апхиепископија, а Прохор е еден од најпосветените охридски архиепископи, кој ја возглавувал од 1528 до неговата смрт во 1550 г. Под сликата на св. Прохор се претставите на Свети Сава Српски и Свети Симеон, со што ктиторот можеби сакал да го нагласи приматот на Архиепископијата во однос на српските епархии.[5] Во 1903 г. црквата изгорела заедно со целото село при задушувањето на Илинденското востание. Иконостасот е обновен во 1916 г. од зографот Ѓорѓи Андонов. Слики
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia