Новоселани (Прилепско)За други истоимени места, погледајте Новоселани.
Новоселани — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп. Географија и местоположба![]() Новоселани се наоѓа во средишниот дел на Прилепското Поле, непосредно покрај патот Прилеп-Македонски Брод. Селото е рамничарско и е сместено на надморска височина од 620 м. Неговиот ата зафаќа површина од околу 8,5 км2. Од Прилеп е оддалечено 14 км во северозападен правец.[2] Селото е составено од Горно и Долно Маало. Месности во повисоките делови од селскиот атар се: Лозја, Рид, Чешма и Осојница; а во полето: Горно Поле, Браненица, Корија, Ливади, Делови, Коњарско, Жолтица и Криви Слогови.[3] ИсторијаСпоред Турскиот пописен дефтер за Велешката каза од 1568/69 година, за селото е запишано дека припаѓа на градот Прилеп и дека е чифлиг на силахдарот Шуџа, спахијата Хасан, на уште еден Хасан, Али Караѓоз, Ибрахим Мустафа, Каплан, синот на Хасан и спахиски син.[3] Од името може да се заклучи дека денешното село е ново и тоа било основано некаде на почетокот на XIX век. Во времето на основањето, на местото се населиле предците на денешните родови: Вајгаловци, Шиклевци и други. По неговото основање, во селото биле создадени неколку чифлизи. Во текот на XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство. На почетокот од XX век, како сопственици на чифлизите се јавувале: Алил, Јусуф, Зубер, Мурат, Осман Лопатарски, Шериф, Глауч и Исмаил. Мурат живеел во Дебар, а другите во Прилеп. Во тоа време, само една четвртина од атарот била во сопственост на селаните. Во 1913 година, селаните откупиле дел од чифлизите, а останатите делови ги добиле подоцна по спроведувањето на земјоделската реформа.[3] СтопанствоСелото има полјоделска функција. Во неговиот атар, обработливото земјиште зафаќа површина од 609 ха, додека пасиштата се на површина од 2013 ха.[2] Во минатото, селото остварувало приход од 2.700 акчиња, а тој бил главно остваруван од: шира, пченица, мешано жито, испенџе, ушур од лен, данок за свињи, хаса за ливада и др.[3] Население
Во пописните дефтери од 1467/68 година Новоселани било христијанско село коешто припаѓало на Прилепската нахија. Тогаш имало 15 христијански семејства и 1 неженет; во 1481/82 година имало 23 семејства; во 1544/45 година имало 20 семејства и 3 неженети; а во 1568/69 година имало 5 семејства и 3 неженети, како и 2 муслимански семејства.[3] Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Новоселени било село со 30 домаќинства и 140 жители Македонци.[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Новоселани имало 202 жители Македонци христијани.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година Новоселјани било село со 240 жители Македонци.[6] На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Новоселани се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[7] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[8] Според пописот од 2002 година, во селото Новоселани живеат 111 жители, сите Македонци.[9] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 94 жители, од кои 87 Македонци и 7 лица без податоци.[10] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиНовоселани е македонско село. Родови во селото се: Вајгаловци (12 к.) основачи на селото, доселени се од соседното раселено село Малешево, го знаат следното родословие: Ѓурчин (жив на 40 г. во 1950-тите) Илија-Цветко-Цветан-Јовче, основачот на родот кој се доселил; Шиклевци (5 к.) изгледа имаат исто потекло како и Вајгаловци; Амбулевци (2 к.) потекнуваат од домазет, кој дошол од селото Средорек, домазетот влегол во родот Шиклевци; Ќофтевци (3 к.) потекнуваат од домазет кој дошол од селото Долнени; Кривогавци (4 к.) доселени се во турско време од Кривогаштани; Кокаревци (5 к.) доселени се во 1913 година од Кутлешево, пред тоа живееле во Бело Поле и Средорек; Грујовци (2 к.) доселени се во 1909 година од селото Браилово; Вељановци (4 к.) доселени се од Сенокос, каде имаат истоимени роднини, подалечно потекло имаат од Мариово; Баловци (1 к.) доселени се во 1925 година од селото Кутлешево, и таму биле однекаде доселени.[15] Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на Општина Долнени од 1952 година. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 1466 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на поранешното основно училиште.[16] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 91 гласач.[17] Културни знаменитости![]()
ИселеништвоОд селото е познато дека се иселиле следните родови: Клаповци се иселиле во Средорек; неколку семејства на Шиклевци се иселиле во Прилеп; неколку семејства на Грујовци се иселиле исто така во Прилеп, а едно во Браилово; и многу семејства од Велјановци се иселени во Прилеп.[3] Личности
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia