Црква „Св. Ѓорѓи“ - Хортач
Свети Ѓорѓи (грчки: Αγίου Γεωργίου) — црква во селото Хортач, Солунско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Неаполско-ставруполската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Црквата почнала да се гради во 1806, а завршена е во 1837 г., што се гледа од натписот на неа. Претставува трикорабна базилика со трем наместо нартекс од западната страна и женска црква над главниот влез.[1] Во црквата работеле зографи од Кулакиската школа. Маргаритис Ламбу ја насликал иконата „Преображение Христово“ во 1813 г.[2] Во 1840 г. Маргаритис повторно работел во Хортач со брат му Константин Ламбу. Во 1874 г. Константин повторно работел на црквата.[3] Најстарата икона во црквата е средновековната „Пресвета Богородица Патеводителка“ од времето на Палеолозите, пренесена заедно со други реликвии од соседниот Хортачки манастир. Има и малка збирка ракописи од ΧVI – XVII век. Интересна е збирката на печатени богослужбени книги на познати печатари од Венеција од XVII век.[4] Во 1967 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[5] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia