Црква „Св. Архангели Гаврил и Михаил“ - Враништа
Црква „Св. Архангели Гаврил и Михаил“ ― црква во селото Враништа. Се наоѓа во северозападниот дел на населеното место, односно десно од патот кој води кон Велешта. ИсторијаПрвично, храмот бил параклис изграден во 1992 година, во кој имало поставени неколку икони. Камен-темелникот за изградба на новата градба е поставен на 24 мај 2015 година, од парохискиот свештеник Ристе Наумоски и архиерејскиот намесник протоереј ставрофор Илија Танаскоски,а со овластување и благослов на митрополитот Тимотеј. Црквата е целосно изградена и не е осветена. Влезните врати на новата градба биле изработени во копаничарското ателје на Новица Столески.[1] АрхитектураНовиот храм претставува мала правоаголна висока градба, со впишан крст со кратки краци во основата. Средишно над наосот е изградена осмострана купола со 4 прозорци. Влезот од западната страна е поткренат со три скалила. Црквата е изградена од бетонска конструкција и обработен камен. ГалеријаПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia