Црква „Св. Архангел Гаврил“ - Модрич
Архангел Гаврил — црква во близина на селото Модрич.[1] Сместена е на околу 5 км источно од селото и до неа води исклучување од десната страна на патот кој води кон селото Дренок. Црквата претставува метох на Бигорскиот манастир.[2] ИсторијаВо близина на црквата се наоѓаат остатоци од ѕидовите на средновековен манастир кој до темел бил уништен од страна на „азиските завојувачи“. Манастирот „Св. Архангел Гаврил“ бил во целост обновен во периодот од 1930-1932 година, но кон крајот на 1944 година бил ограбен и запален.[2] Камен-темелник и осветување на местото за изградба на денешната црква бил поставен на 26 јули 2000 година од страна на митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г. Тимотеј. Во 2014 година, братството на Бигорскиот манастир успеало преку денационализациска постапка да го врати имотот во свое владение.[2] АрхитектураГрадбата на црквата претставува крстокуполен храм со полукружна апсида во задниот дел и купола со осумаголна основа. Секоја втора страна од купоалта содржи по една монофора, додека на останатите има по еден монофорен облик. Влезот на црквата е сместен на западната страна, а над него има полукружна ниша со фреска на која е насликан Архангел Гаврил. Црквата е изградена од камен и во целост е покриена со лимен кров. Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia