Црква „Св. Атанасиј“ - Бохула
Свети Атанасиј — главна селска црква во селото Бохула.[1][2] Црквата е сместена во долниот дел на селото, под самото сретсело. ИсторијаЦрквата е изградена и зографисана во 1879 година. Ова го пишува во натписот над јужната врата од внатре и кој гласи:[2]
АрхитектураЦрквата претставува трикорабна, со тремови од јужната и од западната страна. Внатре корабите се покриени со дрвени таваници и се обоени.[2] ФрескоживописЦрквата е живописана во 1879 година, истата година кога е завршена, а царските двери кои се наоѓаат на иконостасот се изработени во копаница од 1870 година од непознат автор, а годината е запишана на левото крило во долниот дел. Имаат сличности со дверите во селската црква во Бунарче. На иконостасот има икони од XIX век, изработени од Петре Дебранец од село Тресонче.[2][3] На јужниот ѕид е едноставната композиција „Страшниот суд“. Во просторот на прозорците се насликани „Св. Мина“, „Св. Сава“, „Св. Ѓорги Јанински“, „Св. Тодор“, „Св. Трифун“ со срп и „Св. Нестор“.[3] Во главниот кораб се насликани четворицата евангелисти. На северниот ѕид се сместени: „Врачарката“, „Св. Илија“ на колосници, Христос пред Пилат, Ругање Христово, Распетие, Погребение Христово и Воскресение Христово. Во втората зона се композициите: Јуда се беси, Предавство Јудино и Тајната вечера.[3] Во третата зона се неколку сцени: двајца светци примаат грозд од еден човек, Воскресение Лазарево и Влегување во Ерусалим.[3] Во другите простории на прозорците се претставени Св. Теодор, Св. Варвара. Св. Екатерина, Св. Меркурија и уште еден неидентификуван светец. Исус Христос е насликан во проскомидијата а во олтарната апсида Св. Василиј Велики, Св. Јован Златоуст, Св. Јован Богослов и Св. Кирил Александриски. Над овие архијереи е Богородица Ширшаја.[3] Во нишата на ѓаконикот е насликан архиѓакон Стефан. На западниот ѕид е претставен Св. Игнатиј со два лава, Св. Зосим и Марија Еѓипќанка и Страданието на Св. пророк Исаија.[3] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia