Црква „Св. Архангел Михаил“ - Ловча
Свети Архангел Михаил или Собор на Архангелите (грчки: Συνάξεως Ταξιαρχών Ακρινού) — црква во некогашното село Ловча, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Црквата е единствениот остаток од селото.[2] Црквата е изградена во 1848 г. според плочите од северната и источната страна.[2] Храмот е доста голем (25,50 × 17,90 м). Градбата претставува трикорабна базилика со трансепт и женска црква на вториот кат.[2][3] Во средиштето на западната страна во 1884 г. е изградена монументална камбанарија.[2][4] Според Георги Стрезов во 1891 г. црквата била под врховенството на Патријаршијата.[5] Живописот во храмот е дело на зографот Серги Георгиев од Неврокоп, изработени во 1860 – 1870 г.[6] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia