Ловча

Ловча
Ακρινό
Поглед на остатоците на селото со црквата „Св. Архангел Михаил“
Поглед на остатоците на селото со црквата „Св. Архангел Михаил
Ловча is located in Грција
Ловча
Ловча
Местоположба во областа
Ловча во рамките на Неврокоп (Егејска Македонија)
Ловча
Местоположба на Ловча во општината Неврокоп и областа Источна Македонија и Тракија
Координати: 41°24′N 23°41′E / 41.400°N 23.683°E / 41.400; 23.683
ЗемјаГрција
ОбластИсточна Македонија и Тракија
ОкругДрамски
ОпштинаНеврокоп
Општ. единицаНеврокоп
Надм. вис.&10000000000000880000000880 м
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Ловча (грчки: Ακρινό, Акрино; до 1927 г. Λόφτσα, Лофца[1]) — поранешно село во Драмско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Неврокоп на Драмскиот округ во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Потекло и значење на името

Според Јордан Н. Иванов, името на селото произлегува од исчезнатата именка ловча (шума, ливада), со потекло од старословенскиот збор или .[2]

Географија

Селото се наоѓало во областа Мрвачко, во малата Елеска Котлина, северозападно од Драма и североисточно од Сер, во источното подножје на планината Славјанка, на надморска височина од 880 м.[3] Над Ловча се издига Цари Врв (2.183 м), по кој минува бугарско-грчката граница, во непосредна близина на селото.[4]

Историја

Антика

Во околината на селото се откриени остатоци на антички селишта, како и стар римски пат кој го поврзувал градот Никопол на Места со Солун и Егејското Море.

Во Отоманското Царство

До опаѓањето на железната индустрија во Мрвачко на крајот од XIX век селото било едно од најразвиените рударски населби во областа. Селото се специјализирало во изработката на клинци за потковици и заедно со соседното Караќој го снабдувале целиот Солунски вилает.[5]

Во XIX век Ловча било македонско село во Неврокопската каза на Драмскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Лофча (Loftcha) имало 54 домаќинства и 450 жители муслимани, 900 Македонци и 90 Власи.[6][7] Според Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) во 1889 г. во селото имало 125 македонски домаќинства.[6][8] Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Ловча, на 6 часа јужно од Неврокоп. Загредено е во рамнина меѓу Али Ботуш и Стргач, гола и неплодна рамнина; земјата е сува и има многу железни нечистотии која ѝ даваат црвена боја. Грчка црква и училиште. Пред две години го избркаа бугарскиот учител. Има 20 ученици. 120 македонски куќи.[6][9]

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото имало 1.300 жители, сите Македонци.[6][10] Комитските обиколки и дејствија во селото и околината на почетокот на XX век се живо опишани од поетот Пејо Јаворов во неговите "Ајдучки копненија".[11]

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Ловча (Lovtcha) имало 1.760 Македонци под врховенство на егзархијата.[6] Во селото работело бугарско училиште со 1 учител и 77 ученици.[12]

Во Грција

Поглед на новосоздаденото село Нова Ловча од Цари Врв

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, на само 100 м од новата граница. Таа година селото броело 1.155 жители. По повлекувањето на бугарските сили по крајот на Првата светска војна, извесен дел од населението се иселува во Бугарија. Последниот голем бран на иселување во Бугарија се случил по крвавиот Трлиски инцидент од јули 1924 г., кога се иселиле вкупно 1.002 лица.[3] Дел од жителите го основале селото Нова Ловча[3], на само 2 км северно од старото село, а други се иселиле во Неврокопско и Плевенско.

На местото на иселеното македонско население биле доведени 58 бегалски семејства (вкупно 214 бегалци), колку што броело селото во пописот од 1928 г.[3] Во 1927 година, името на селото било променето во Акрино (Ακρινό).[1] Селото повторно настрадало за време на Втората светска војна по влегувањето на бугарската војска во Егејска Македонија во април 1941 година, кога неговите последни жители се иселиле. Подоцна не било обновено, поради што е избришано од евиденција.[3]

Од селото денес е зачувана само црквата „Св. Архангел Михаил“, а останатите градби се урнати.[13]

Личности

Родени во Ловча

Редовни настани

Слави

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 2 април 2025.
  2. Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 153.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 178.
  4. По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  5. Иванов, Йордан Н (1982). Местните имена между долна Струма и долна Места : принос към проучването на българската топонимия в Беломорието. София: Издателство на Българската академия на науките. стр. 13.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  7. Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 126–127. ISBN 954-8187-21-3.
  8. Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 234–235.
  9. Стрезов, Г. Два санджака от Източна Македония. Периодично списание на Българското книжовно дружество в Средец, кн.XXXVII-XXXVIII, 1891, стр. 838.
  10. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 194. ISBN 954430424X.
  11. Пейо Яворов. „Хайдушки копнения“.
  12. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 112–113.
  13. 13,0 13,1 Митринов, Г. Български следи по стенописите на църквата „Св. Архангел Михаил“ в с. Ловча, Неврокопско (дн. Драмско). – Известия на Института за български език „Проф. Любомир Андрейчин“. Кн. 29, 2016, с. 107-131.; Митринов, Г. Фасадният надпис на църквата „Св. Архангел Михаил” в с. Ловча, Неврокопско (дн. Драмско). – В: Сб. Българският език – исторически и съвременни аспекти. Сборник в чест на 140 години от рождението на акад. Стефан Младенов. София, 2020, с. 237-246.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya