Црква „Св. Атанасиј“ - Јанчишта
Свети Атанасиј (грчки: Αγίου Αθανασίου) — црква кај селото Јанчишта, Берско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2] Црквата се наоѓа на 3 км источно од Јанчишта, на источниот брег на реката Мегленица. Била гробишен храм сè до средината на XX век. Градбата претставува еднокорабна црква без нартекс, со полукружна апсида и трем на јужната страна и дрвен покрив со аблација на тесните страни. Влезот е од југ.[1] Фреските во внатрешноста се изработени во две фази. Постари се оние на светците во долното подрачје на жртвеникот и се од XVIII век. Подоцнежни се евангелските сцени, литургиските во жртвеникот и Второто пришествие на јужниот ѕид, насликани врз стариот живопис. Вторите се од 1860 – 1880 г. и по стилот му се припишуваат на зографот Божин Стаменитов (Емануил Стаматиадис) од Пазар, кој меѓу 1864 и 1870 г. работел на „Св. Ѓорѓи“ во Сарбегово, во 1877 г. на „Св. Никола“ во Корнишор, а во 1878 г. на „Св. Спас“ во Тодорци.[1] Иконостасот е од првата фаза на храмот, насликан во три бои и плитко изрезбан со богати растителни и животински украси. Зачувани се три царски икони од XVIII – XIX век. Црквата е прогласена за историски споменик на 10 јули 1995 г.[1][2] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia