Корнишор
Корнишор (грчки: Κρώμνη, Кромни; до 1926 г. Κορνισόρ, Корнисор или Κορνισιόρ, Корнисјор[2]) — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 8 жители (2011). Ова чисто македонско село имало многу побројно население сè до 1970-тите, кога властите ги префрлиле неговите жители во Ново В’дришта за полесна контрола и асимилација.[3] ГеографијаСелото е сместено во јужните падини на планината Пајак, 13 км северно од градот Пазар (Ениџе Вардар). Во врска со местоположбата на селото, во 1909 г. Никола Хрлев напишал:
ИсторијаВо Отоманското ЦарствоКорнишор се среќава во османлиски дефтер од 1632 г. како село со 64 христијански семејства[5]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Корнишор броел 400 жители Македонци и 80 Роми.[6][7] На Илинден 1903 г. во Корнишор се обединиле четите на Крсто Асенов од Кукушко и ениџевардарските чети на Апостол Петков и Иван Карасулијата. Тука, пред 250 четници е одржана церемонија за осветување на знамето.[8] Според цариградскиот деец Христо Силјанов, по Илинденското востание во 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија.[9] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 г. во Корнишор имало 432 Македонци, сите под егзархијата.[6][10] Во селото почнала да работи и бугарската пропаганда. Училишниот инспектор Никола Хрлев во 1909 г. напишал за селото:
Во 1909 г. во подрачјето на селото дејствувала гркоманската чета на Митре Никола Чера и Иван Богдан.[11] Корнишор во ова време веќе било големо село, бидејќи српскиот географ Боривое Милоевиќ во периодот пред Балканските војни го завел со 100 македонски куќи. Во ГрцијаЗа време на Првата балканска војна селото е окупирано од вод бугарски војници, подоцна истиснат од грчка војска. По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 675 жители, а во 1920 г. се намалило на 525 лица.[3] Црквата и бугарското училиште се затворени. На крајот од Првата светска војна во 1918 г. се обесени мештаните Петар Петљаков, Христо Коњаров и Стојан Богданов, а Тодор Линов е претепан до смрт за потпомагање на бугарската војска. На заточеништво на Крит се испратени осудените Ташо Камшиков, Фото Ристаков, Григор Милошев, Иван Костараков и Петар Фустанов. За време на Грчко-турската војна (1919-1922) момчиња од селото се присилно мобилизирани во грчката армија[12]. По 1924 г. 30-50 лица (3-4 семејства) го напуштиле селото, населувајќи се во Горен Воден кај Асеновград во Бугарија;[5] Тодор Симовски го дава податокот дека се истерани дури 260 жители.[3] Во Корнишор се доведени грчки доселенички семејства, но тие наскоро го напуштиле поради неплодноста на земјиштето, па селото и понатаму останало чисто македонско.[3] Во 1928 г. Корнишор е преименуван на Кромни. Таа година населението броело 330 жители, кое во 1940 г. се зголемило на 448 лица.[3] За време на Граѓанската војна во Корнишор бил сместен штабот на ДАГ. Властите ги повлекле жителите долу во полето, но тие се вратиле по војната. Во 1951 г. во селото се попишани малку жители (156), бидејќи многумина сè уште не биле повратени, но затоа во 1961 г. селото броело 565 лица.[3] Во 1968 г. власта почнала да ги иселува жителите во соседното Ново В’дришта за полесно контролирање и асимилација.[13][14] Во 1971 г. во него е попишан 441 жител, а на следните два пописа селото било без жители.[3] Денес Корнишор е прогласен за архитектурен резерват и оживува се како туристичко место, а во него живеат неколку жители. НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Културни и природни знаменитости
Личности
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia