Пазар (град)
Пазар или Ениџе Вардар (грчки: Γιαννιτσά, Јаница; турски: Yenice Vardar) — град во средишниот дел на Егејска Македонија, во западниот дел на Солунското Поле, западно од реката Вардар. Претставува седиште на општината Постол во Постолскиот округ во областа Централна Македонија. Градот се наоѓа северозападно од Солун, на патот помеѓу Солун и Воден. Населението брои 29.789 жители (2011). ГеографијаГрадот е сместен на северозападниот крај на Солунското Поле, наречено Пазарско Пооле, создадено со пресушувањето на Ениџевардарското Езеро (Пазарско Езеро или Ѓолот), во јужното подножје на планината Пајак. ДемографијаВо XVII век било забележено дека во Ениџе Вардар мнозинството биле Македонци, а имало и голем број Турци.[2] Во 1903 година, во градот Пазар биле забележани 9.599 жители, во најголемото мнозинство Македонци и Турци и помал број на Грци, Власи и Роми. По поделбата на Македонија од 1913 па сѐ до 1922, од градот и целата негова околина биле целосно насилно иселени Македонците и Турците, а на нивно место биле доселени Грци од Мала Азија. Денес градот брои 33.775 жители, во најголемо мнозинство Грци. Не е познат податок дали во градот сѐ уште живеат Македонци. Поради самата местоположба во плодната алувијална рамнина на Солунското Поле, главна стопанска гранка на градот и околината е земјоделството, посебно житните култури. Исто така застапени се индустријата и малостопанството. Во средината на XIX век Јохан фон Хан напишал:
Културни и природни знаменитости
Галерија
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia