Коста Анастасов
Константин (Костадин, Коста) Анастасов или Атанасов — македонски зограф и иконописец од Крушево. ЖивотописРоден е во Крушево, во семејството на Анастас Зограф, кај кого се образувал. Долго време работел заедно со татко му (до 1870 г.) и браќата Вангел и Никола.[1] Веројатно бил најстариот од браќата. На иконата на Светото Преображение во крушевската црква „Успение на пресв. Богородица“ се потпишал „χιρ Κοσταδιν ιοσ του Άναστασι 1868“.[2] Во 1872 г. Коста Анастасов ги насликал иконите за храмот „Св. Атанасиј“ во битолското село Габалавци.[2] Негови се и иконите во црквата „Св. Петар и Павле“ во прилепски Варош. Една икона е датирана 1873 г., а на иконата на св. Петар и Павле пишува: „Исрук(а) Кѡнстандинъ син на Таше иконописателъ ѿ Крушево“.[2] Во 1866 г. тројцата браќа ја живописале црквата „Св. Димитрија“ во мегленското село Тушин и оставиле натпис на грчки: ![]()
Фреските обработуваат теми од Стариот завет — создавањето на Адам и Ева, нивниот живот во рајот, гревопаѓањето и истерувањето, но и од Новииот завет — Христовото Рождество, Воскресение итн.[3] Тројцата ги насликале сите цркви во Горен Меглен.[3] Во септември 1872 г. тројцата браќа го завршиле сликањето на „Вознесение Христово“ во скопското село Раштак, според зачуваниот ктиторски натпис на јужниот ѕид, западно од влезот. Во тоа време егзархиското население барало протерување на владикатата Паисиј Скопски и затоа неговото име е избришано по живописувањето. Фреските се наполно зачувани.[4] На 14 декември 1878 г. тројцата браќа го завршиле живописувањето на „Св. Атанасиј“ во демиркапиското село Прждево.[5] Во првата половина на 1879 г. тие ја насликале црквата „Св. Атанас“ во Будур Чифлик, Мариово.[1][5] До северната врата на храмот е оставен натпис „Въ лѣто 1879 іунїѧ 15 изъ рукі братхѧ Ва(н)ћелъ Нікола Кѡста Анастасовіцъ Зографа ѿ село Крушево.“[1] Истата 1879 г. тројцата ја живописале црквата „Св. Никола“ во Клисура, исто така Демиркаписко.[5] Во 1879 г. според натписот над северниот влез од внатрешната страна браќата ја насликале „Св. Стефан“ во Конопиште, Кавадаречко.[6] Во декември 1879 г. браќата го завршиле зографисувањето на „Св. Атанасиј“ во кавадаречкото село Бохула и над јужната врата од внатрешната страна ставиле натпис кој гласи: „Ктитори и приложници Димко Иереа, Ризо Ното Неде Гоџобашија Стоја Атанаси Митруши Вангелович от село Терново Никола питроп Темелко мали големи из руку братија Ваггели Никола Костадини Атанасович зуграфа от село Крушево в лето 1879 декември 20“.[6] ![]() Во 1880 г. браќата, заедно со Наќе, синот на Вангел, го насликале Бошавскиот манастир „Св. Архангел Михаил“. Над северната врата ставиле натпис: „Сеі храмъ стыи Архаггелъ Міхаиль. во врем(е) на она. г. г. Агаѳаггел Марко иереа. Кімо егуменъ престателъ себепъ. се стори за манастирот. што се зуграфіса за душевно. споменъ. Кресте. магеръ. Нікола даскалотъ. Ѧно момукотъ ик рукі бракѧ. Коста Никола. Вагглъ со синъ его. Наки. ѿ славно Крушово. во лето 1880. месецъ іулиа. 4.“[2][7] Во 1881 г. тројцата браќа целосно ја живописале црквата „Св. Богородица“ во Бегниште, Кавадаречко, според натписот на северниот влез од внатрешната страна на црквата.[8] На 8 јуни 1881 г. според натписот на северниот влез од внатрешната страна браќата ја насликале црквата „Св. Архангел Михаил“ во Ресава, исто така во Кавадаречко.[8] ![]() ![]() Во 1883 г. тројцата целосно ја живописале „Св. Атанасиј“ во прилепско Годивле.[9] Во истата 1883 г. ја насликале и „Св. Теодор Тирон“ во прилепско Дреновци.[10] По 1884 г. Коста Анастасов ја живописал црквата „Св. Никола“ во крушевското село Белче. Дел од иконите го носат датумот 1872 година. Над влезната врата има натпис „Сеи храмъ стыи Ніколае. во времѧона се исзуграфіса. цьркфата г. г. Архіепископа Асінесіа оце пп. Іоше. Ктитори и пріложніци. г. Иліа Рісте. Ванцу. Рісте. Веле. Рісте. Лозе. Іоше. Петко. Іоле. Ніколе. мали и големи. за вѣчно споменъ Изъ руки Коста Анасташіовъ зивописецъ ѿ Крушево во лето 18... месецъ иуна 9 денъ“. Бидејќи е избришана, годината на живописување е непозната.[2] Истата година Коста Зограф ја насликал црквата „Св. Никола“ во соседно Единаковци.[11] Во 1886 г. Коста ја насликал „Рождество на пресв. Богородица“ во Бач, Битолско. Натписот гласи: „Сей храмъ Прест Богородица нво вем она се образис г. г. Архіепіск. к иереа. Иліа. ктитор. и приложніцъ г. 1886. из рукь Коста. Анасташіовикъ зуграфа ѿ слафно Крушово мсцъ. 4.“[2] Во 1888 ја живописал „Св. Илија“ во демирхисарско Зашле.[12] Во црквата „Св. Никола“ во демирхисарското село Слепче има полузачуван натпис на кој се гледа името на Коста Анастасов, што е можно да е зографот, бидејќи тој работел и на соседниот Слепченски манастир, но може и да се однесува на градител со истото име. Во манастирот Коста Атанасов работел пред обновата на старата манастирска црква. Насликал фрески во наосот и припратата, каде ставил натпис: „Въ сей храмъ живописанието (зуграфията) и отварянието на новото училище станаха въ времето на тѣзи лица: Отецъ К. Тодоръ, Игуменъ Стоянъ Неделковъ, Слав. Учителъ Иванъ К. Ставревъ и живописецъ Коста Анастасовъ отъ гр. Крушево 31 май 1889 год.“[2] Во 1889 г. ги изработил иконите за иконостасот на црквата „Св. Никола“ во Прострање, Кичевско.[13] Натпрестолниот крст во црквата „Св. Никола“ во Нови Пазар, Србија, е потпишан „Коста Анасташiов“ од Крушево и датиран 24 февруари 1890 година.[14] Фрески од „Св. Димитрија“ во Тушин
Родословие
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia