Црква „Св. Атанасиј“ - Годивле
Свети Атанасиј (или Свети Атанас) — главна селска црква во прилепското село Годивле, Македонија.[1] Црквата се наоѓа на самиот влез во селото Годивле, во близина на основното училиште. Околу црквата се наоѓаат селските гробишта. МестоположбаЦрквата е сместена над селото Годивле.[2] ИсторијаЦрквата била подигната и осветена во 1860 година од страна на митрополитот Венедикт Византиски.[3] Претходно на тоа место имало рушевини од стар храм.[2] АрхитектураПретставува еднокорабна градба со полукружен свод и полукружна апсида со пет слепи ниши однадвор.[3] Во олтарот како чесна трапеза служи римски архитектонски елемент, а во дворот има дел од мермерен столб и фрагменти од други архитектонски елементи.[4][5] ФрескоживописЦелосно е живописана во 1883 година од браќата Коста, Вангел и Никола Анастасови од Крушево. Фреските се оштетени.[3] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia