Црква „Св. Атанасиј“ - Пилорик
Свети Атанасиј (грчки: Άγιος Αθανάσιος) — преродбеничка црква во селото Пилорик, Ениџевардарско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија. Црквата е гробишен храм во западниот крај на селото, изграден на почетокот на XIX век. Претставува трикорабна базилика со нартекс, женска црква, полукружна апсида и трем на југ. Изградена е од камења, делкани на четирите агли. Таванот е резбан, со претстава на Христос Седржител од 1886 г. Резбаниот многуаголен иконостас има икони од 1846 г. На гробиштата има стари округли крстови од камен.[1] Сè до изградбата на црквата „Успение на пресв. Богородица“ во 1860 г., православното население на Пазар одело во оваа црква.[2] Црквата е прогласена за историски споменик на 23 февруари 1995 г.[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia