Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Пазар
Успение на Пресвета Богородица или Света Богородица (грчки: Κοίμηση Θεοτόκου) — преродбеничка парохиска црква во градот Пазар (Ениџе Вардар), Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2] ИсторијаВо првата половина на XIX век во Пазар немало црква и православното население одело во „Св. Атанасиј“ во с. Пилорик. Султанскиот ферман за изградба на црквата е добиен со тешкотии во 1858 г. бидејќи Пазар бил поклонички град за муслиманите. Со трудот на жителите, храмот е завршен во 1860 г.[3] Во периодот од 1924 до 1932 г. црквата била катедрала на тогашната Пазарско-гуменџиска епархија.[1] Црквата е прогласена за историски споменик на 2 јуни 1987 г.[1][4] ОписХрамот претставува трикорабна базилика со поголем средиштен кораб и димензии 32 × 24 × 10 м.[3] Има и голема женска црква.[1] На запад, север и југ има отворен трем со лакови на квадратни столбови 0,6 × 0,6 м, а на исток храмот завршува со петстрана апсида. Ѕидовите се дебели 0,85 м, а во источниот дел е вграден антички релјеф. Има три влеза — од север, запад и југ, а прозорците се мали и правоаголни. Покривот има косини на запад и исток, а покриен е со ќерамиди. Првобитниот под бил од керамички плочки, кои денес се зачувани само во тремот, а остатоот од храмот има мозаични плочки. Таванот е дрвен и таблиран.[5] Живописот во црквата е нов, но во неа се чуваат икони од XIX и почетокот на XX век.[1] Тие се следниве: „Распетие Христово“ (3 март 1865), „Свети Антониј“ (3 септември 1860), „Свети Харалампиј“ (5 мај 1863), „Воведение на Пресвета Богородица“ (11 март 1865), „Тројца Светители“ (24 мај 1870), „Рождество на Јован Претеча“ (1869), „Педесетница“ (9 март 1869), „Сите Светители“ (1865), „Свети Атанасиј“, „Влегувањето во Ерусалим“, „Томиното Неверство“, „Свети Григориј Палама“, „Свети Четириесет маченици“, „Свети Константин и Елена“, „Свети Ѓорѓи“, „Воздвижение на Чесниот Крст“, „Рождество Христово“ и „Свети Никола“.[5] На црквата работел зографот Божин Стаменитов (Емануил Стаматијадис).[6] Подоцна е додадена куловидна камбанарија на југоисточниот агол на храмот, која во 1880 г. добила камбана излеана во Одеса.[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia