Црква „Св. Атанасиј“ - Рајчица
Свети Атанасиј (позната и како: Свети Атанасија) — селска црква во дебарското село Рајчица, Македонија.[1] Црквата се наоѓа во маалото Влаовци, надвор од маалото, помеѓу густа листопадна шума, во мал дол над самиот град Дебар.[2] МестоположбаЦрквата се наоѓа во маалото Влаовци, горното маало на селото Рајчица. До нејзе се стигнува преку земјена шумска патека. Во кругот на црквата постојат и гробишта кои припаѓаат на жителите на маалото Влаовци. ИсторијаЦрквата започнала да се гради на место каде што постоела помала црквичка, во 1868 година, а била осветена во 1877 година.[2] Од страна на Турците црквата била 2 пати ограбувана, при што, првиот пат биле украдени два пара скапоцени одежди со проценета штета од 20 златници-наполеони, а вториот пат се украдени повеќе свештени книги (меѓу кои и Коло мение) со штета од 30 златници-наполеони.[2] Црквата имала земјиштен посед од 17.692 м2 и лозје во месноста Клакој од 825 м2.[2] На самиот влез од левата страна постои натпис на старословенски јазик кој гласи: „Овој свети храм Светјаго Атанасија се започна во лето 1866 и се зографиса во 1875, во тоа време беше епитроп Анѓеле Митре се потрудија друштво со сите браќа селани за вечна им памјат - од раката на зографот Крсте Колов од Лазарополе“.[2] Под надлежност на оваа црква во минатото се наоѓале сите останати (четири) цркви во селото Рајчица, а како правно лице и застапник нејзиниот печат се употребувал како парохиски печат на Рајчката црковна парохија.[2] Според натпис над главниот влез, храмот бил обновен во 2011 година од страна на Киро Радоешки-Чикер. АрхитектураФрескоживописЦрквата поседува живопис, кој го добила набрзо по нејзината изградба во XIX век. ИконостасЦрквата има мал дрвен иконостас. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia