Селото се наоѓа во областа Долни Полог, во северниот дел на Полошката Котлина, северозападна Македонија и е приградска населба на Тетово. Сместена е недалеку во северен правец од градот Тетово, на оддаелеченост од четири километри. Селото е рамничарско, на надморска височина од 480 метри. Атарот е мал и зазема простор од 4,5 км2. На него обработливото земјиште зафаќа површина од 342 ха, па затоа селото, во однос на земјоделието, има полјоделска функција.[2] Се наоѓа на патниот правец кој води до границата со Косово.
Историја
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од нахијата Калканделен (Nahiye-I Kalkandelen) и имало 60 семејства, 2 неженети и 6 вдовици, сите христијани.[3]
На крајот на XIX век, селото било дел од Полошката нахија во Тетовската каза на Отоманското Царство.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, Џепчиште има 4.051 жител и оттогаш претставува голема населба. Населението се состои од 3.934 Албанци, од кои 2.006 се од машки и 1.928 од женски пол, потоа 81 Македонец, 1 Влав и 35 останати.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3.338 жители, од кои 33 Македонци, 3.198 Албанци, 1 Турчин, 1 Влав, 2 останати и 103 лица без податоци.[7]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[6]
Година
Македонци
Албанци
Турци
Роми
Власи
Срби
Бошњаци
Ост.
б.п.
Вкупно
1948
—
—
—
—
—
—
—
—
—
1.680
1953
174
1.660
—
—
—
—
—
1
—
1.835
1961
152
1.959
26
—
—
3
—
1
—
2.141
1971
81
2.554
8
—
—
—
—
2
—
2.645
1981
94
3.047
—
—
—
1
—
10
—
3.152
1991
74
—
—
—
—
1
—
4
—
79
1994
75
3.758
—
—
—
—
—
1
—
3.834
2002
81
3.934
—
—
1
—
—
35
—
4.051
2021
33
3.198
1
—
1
—
—
2
103
3.338
Родови
Како најстар албански род во селото Џепчиште се споменува родот Скурај (61 куќа). Потекнува од Љума (во северна Албанија) во втората половина на XVIII век.[8]
Џепчиште е мешано македонско-албанско село.
Според истражувањата од 1946 година, родови во селото се:
Македонски:
Калановци или Стамевци (2 к.),староседелци. Имаат иселеници во Тетово (две семејства).
Клинчарој или Илиној (2 к.),староседелци. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство).
Коруновци (8 к.),староседелци.
Лизгар (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Теарце;
Волчеј или Мачугој (7 к.) доселени се од Раотинце, се доселил предокот Китан.
Албански:
Ќуповци (32 к.) и Кучуговци (28 к.) најстари албански родови, доселени се во втората половина на XVIII век, по потекло се од областа Матија во Албанија;
Чип (25 к.) родот го основал Адем кој се доселил од Малесија во северна Албанија;
Скуровци (61 к.) доселени се од Љума во северна Албанија, дојдени се во втората половина на XVIII век;
Асаној (4 к.), Љуганџини (36 к.) и Лике или Ликовци (8 к.) доселени се од северна Албанија.[9]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 2003, 2004, 2004/1, 2005 и 2006 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[10]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р Ристо Ивановски, Битола, 2014 г., 10 стр.