Црква „Св. Богородица“ - Ботун (стара)
Успение на пресв. Богородица (Св. Богородица) — црква во охридското село Ботун, Општина Дебрца, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Охридското архијерејско намесништво во Дебарско-кичевската епархија на МПЦ - ОА. Местоположба![]() Црквата е гробиштен и главен храм на Ботун, сместена на стрмно возвишение во Горното Маало, на северозапад од сретселото.[1] ИсторијаЦрквата е изградена врз постаро светилиште, за што сведочат многубројните гробни конструкции од средновековието.[1] Според натписот, храмот е изграден во 1895 г. од браќата Крсте и Костадин, синови на Никола Крстев од Лазарополе. Иконостасот е од 1871 г., а внатрешниот живопис е делумно пресликан во 1972 г.[1][2] ОписГрадбата претставува еднокорабен храм изграден од камен и варов малтер. Венците под покривот се од бигор, а истото важи и за апсидата, која е единаесетстрана; таа е засводена со полузаоблен свод врз кој се издига покрив на четири води. Иконостасот е величествен, и има дванаесетина икони. Изработен е во 1871 г.[1] Од прекрасниот фрескоживопис се издвојува композицијата Седмочислениците на јужниот ѕид на олтарниот простор. Нивната поставеност на фигурите и именување се сосема оригинални — како средишна личност е насликан Климент Охридски, а околу него се Сава, Наум, Кирил, Методиј, Ангелариј и Горазд.[1] Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia