Црква „Св. Великомаченичка Петка“ - Дебар
Света Великомаченичка Петка — помала црква во градот Дебар, Македонија.[1] Црквата се наоѓа на познатата велигденска ливада, каде некогаш велигденското оро се виело една недела.[2] МестоположбаЦрквата се наоѓа во населбата Варош, во горниот дел на градот Дебар, во близина на поголемата црква „Успение на Пресвета Богородица“. ИсторијаЦрквата била подигната во текот на XIX век.[3] АрхитектураПретставува мала црква, изградена на терасеста површина. Црквата претставува еднокорабна градба, на која од западната страна е додадена затворена припрата, преку која се влегува во внатрешноста на црквата.[4] Црквата е градена од камен и е покриена со лим, и надворешно на среде црква е поставена купола изработена со лим. Пред влезот во припратата е поставена метална конструкција со една камбана. Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia