Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Дебар
Успение на Пресвета Богородица — енориска црква во градот Дебар, Македонија.[1] МестоположбаЦрквата се наоѓа во населбата Варош, во горниот дел на градот Дебар. ИсторијаЦрквата е изградена во средината на XIX век, најверојатно 1840 година на постари темели од XI век.[2] Оваа црква некогаш била седиште на митрополија, која опфаќала простор сè до соседниот албански град Пешкопеја. КражбиВо периодот помеѓу 8 и 11 септември 2012 година во црквата била извршена тешка кражба на 14 икони со голема вредност, плаштеница стара три века и пари.[3] Ова било втора кражба по таа во 1988 година. Во периодот од 14 до 19 октомври 2012 година непознат сторител насилно ги откорнал решетките од прозорот и влегол во храмот при што украл 13 исклучително вредни икони.[4] Во 2014 година, црквата повторно била мета на кражба, која била извршена со уривање на ѕидови и кршење прозорци при што биле украдени повеќе вредни икони.[5] АрхитектураЦрквата е трикорабна со базиликална архитектура со фрески, а има особено убав иконостас од XIX век. Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia