Црква „Св. Георги Победоносец“ - Блаце
„Свети Георги Победоносец“ — црква во селото Блаце во околината на градот Скопје. Храмот се наоѓа во густа листопадна шума, североисточно од селото и до него води асфалтен пат, кој се двои од самиот почеток на селото Блаце. За историјата на оваа црква е забележано дека таа е изградена на темели на постара црква, која повеќепати била споменувана во средновековни записи и прикази за цркви и манастири[1]. Изградбата на црквата датира од XVI или XVII век, а самата црква изобилува со прекрасен живопис, икони и иконостас кои сведочат за нејзината старост. Внатре во црквата постои камен со латински натпис, кој најверојатно потекнува од блиските антички римски населби Бадаријана или Тауресиум. Во внатрешноста постојат и повеќе стари икони, меѓу кои е и иконата на патрониот светец Св. Георги како ја убива ламјата, подарена и изработена во 1866 година, од иконописец од блиското село Летевци[2]. Влезот на црквата е приземен и низок, а над него стои фреска на Свети Георгиј Победоносец со натпис на старословенски за дарителите и градителите на црквата. Околу градбата на црквата се доградувани ѕидови со што е добиен простор за трпезарија, во кој стојат масите на кои се дава ручек за патрониот празник Ѓурѓовден и останатите црковни собори и прослави. Во кругот на црквата се и селските гробишта. Галерија
Наводи |
Portal di Ensiklopedia Dunia