Црква „Св. Димитриј“ - Ахил
Свети Димитриј (грчки: Αγίου Δημητρίου) — средновековна црква на преспанскиот остров Свети Ахил, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија. Изворно ѝ припаѓала на Охридската архиепископија.[1] Црквата е изградена во XIV век, но денес е во урнатини. Сместена е во западниот дел на островот.[2] Зачувани се само дел од апсидата и јужниот ѕид од овој мал храм. Ѕидовите се направени од месен камен и малтер, подоцна уништен од суровите климатски услови кога престанал да се одржува.[1] Црквата е насликана со вреден фрескопис. При посетета во 1990 г. Стилијанос Пелеканидис наишол на сцената „Поклонение на Агнецот“, со два херувима и два архијереја од левата и десната страна. Денес е зачуван само мал дел од сцената еден херувим и еден јерарх, изложени во Леринскиот археолошки музеј. Живописот датира од XIV век.[1][3] Во 1962 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[4] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia