Црква „Св. Димитриј“ - Брештени
![]() Свети Димитриј (грчки: Aγίου Δημητρίου) — црква во селото Брештени, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2] Црквата е изградена на почетокот на XVIII век на околу еден километар северозападно од селото под името „Св. Константин и Елена“, додека главниот храм во селото била друга црква „Св. Димитриј“. Подигната е врз темелите и со материјал на ранохристијанска гробишна базилика. Во 1743 г. голем дел од жителите на Брештени се потурчиле и попот Јован, за да го сопре процесот на исламизација поставил во храмот икона на Христос Семоќниот Судија, која е зачувана во храмот до денешен ден. Во периодот од 1826 до 1831 г. во Брештени работел истакнатиот зограф Аргир Михајлов, кој во гробишната црква „Св. Константин и Елена“ изработил три скапоцени фрески и неколку преносливи икони, кои можат да се видат и денес. Најубава од овие фрески е онаа на светите Константин и Елена, сместена на местото посветено на покровителскиот светител бидејќи тогаш храмот сè уште бил посветен на нив. Муслиманското население на селото се намножило и во 1850 г. месниот бег ја срушил тогашната црква „Св. Димитриј“ на сретселото и на нејзино место изградил џамија. Поради ова, христијаните ја обновиле и доградиле (во должина) малата гробишна црква, пренесувајќи ги иконите од срушениот храм и преименувајќи ја во „Св. Димитриј“. Во 1902 г. за време на митрополитот Герман Каравангелис храмот е повторно обновен и во него е поставен владички престол, со натпис од грбната страна кој го опишува настанот. Во 1965 г. жителите на Брештени (Македонците и доселените Грци) изградиле нова црква во селото, која во добила името „Св. Константин и Елена“.[2]
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia