Црква „Св. Димитриј“ - Калапот
Свети Димитриј (грчки: Ιερά Μονή Αγίου Δημητρίου Πανοράματος) — црква на поранешен манастир кај селото Калапот, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2][3][4][5] МестоположбаХрамот се наоѓа на 3 км западно од селото, на висорамнинка спроти падините на планината Сминица. До него води делумно одржан калдрмен пат.[5] Од манастирскиот комплекс денес не останало ништо освен црквата.[1] ИсторијаЦрквата е изградена во 1865 г. со средства на казата според натписот на мермерна плоча над источниот прозорец[6].[7] Во 1952 г. во манастирот починал последният монах — игуменот Дионисиј.[2] АрхитектураХрамот претставува еднокорабен крстокуполен храм од тип распространет во XVI – XIX век на Света Гора и други места на Балканот.[1] Апсидата е се издава на исток. На западната и дел од јужната страна има трем.[3][5] Надворешните површини на црквата немаат никакви украси. Куполата е висок осумстран барабан, кој се исдига од страничните згради, без никаква друга потпора.[1] Два пара столбови го делат олтарниот простор од наосот, а други две две го делат наосот од припратата. Припратата е покриена со напречен свод. Тремот првично бил отворен и со столбови, а подоцна е затворен. Покриен е со ниски лакови, кои седат врз ѕидот. Храмот два влеза — еден од западната и еден од јужната страна. Прозорците се тесни и правоаголни, сместени од северната, јужната и источната страна. Трикатната камбанарија е оформена на влезната оска на запад.[5] Црквата е исѕидана од речен камен и правоаголни мермерни блокови на аглите. Сводовите над окната исто така се од релјефни мермерни блокови. Тули има само во лаковите што го украсуваат куполниот барабан.[6] Внатре се зачувани иконостасните икони, резбаниот владички престол и резбаниот проскинитар.[1] Резбаниот иконостас е висок речиси колку самата градба.[5] Царските икони на Христос Седржител, Богородица, Свети Димитриј и Свети Јован Претеча се од 1866 г., дело на зоградот Јеремија од Мелник.[5] Иконата на Свети Никола и Свети Харалампиј е датирана во 1872 г., порадена од Атанас Апостолов од Просечен и потпишана од Серги Георгиев.[8] Сите внатрешни површини се покриени со фрески[6] од крајот на 1874 г.[2] и имале македонски натписи. Со потпаѓањето на Егејска Македонија под грчка власт во 1913 г., овие натписи се избришани.[1] Во апсидата е претставена Пресвета Богородица Поширока од небесата, а во куполата е Христос Седржител со четворицата евангелисти и пророци во барабанот.[6] Фрески
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia