Сминица
Сминица (Смилица, Смила, Змијница) или Серски Боздаг, Мал Боздаг (грчки: Μενοίκιο, Меникио) — планина во североисточниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. По нае минува границата меѓу општините Сер и Просечен. Највисок врв е Караѓоз Ѓол (Μαυρομμάτα, Мавромата) со височина од 1.963 метри, наречен по истоимената месност во околината. За време на бугарската окупација во Серско во текот на 1940-тите години, врвот е преименуван во Варовитец. Физички одликиРечиси целата планина се состои од мермерни карпи. Во ниските делови има песокливи терциерни наслаги и наносни конуси. Сминица е обесшумена, гола и претставува една од најпустите планини на Балканскиот Полуостров.[1] Населени местаНајблиски населени места околу планината се градовите Сер и селото Зелјахово на југ и селата Алистратик и Крлуково на запад и север. Подрачјето е меѓу најненаселените на Балканот. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia