Црква „Св. Илија“ - Битуше
Свети Илија — манастирска црква во долнореканското село Битуше.[1] Црквата се наоѓа во крајниот североисточен дел од селото, на неколку стотина метри од соседното село Велебрдо. КонтроверзијаПри изградбата на црквата, пред олтарот било изѕидано култното место каде што во минатото верниците му палеле свеќи на Свети Илија. Надлежниот митрополит г. Тимотеј одбил истата да ја освети сè додека изѕиданото место не биде срушено, што наишло на незадоволство кај месното население, така што црквата останала неосветена.[2] АрхитектураГрадбата на црквата претставува крстокуполен храм со осумаголна купола. Секоја страна од куполата содржи монофора, а на повеќе места од ѕидовите на црквата има слепи ниши, вклучувајќи ја и полукружната апсида на источниот ѕид. Над влезната врата има трифорен облик, при што поголемиот среден дел всушност претставува монофора. Црквата во целост е изградена од камен и е покриена со лимен кров. Во дворот на црквата има споменик на пет загинати борци во Народноослободителната борба. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia