Црква „Св. Илија“ - Големо Илино
Свети Илија — главна и единствена манастирска црква на Илинскиот манастир, сместена на самата атарска граница на Мало и Големо Илино, Македонија.[1] Црквата се наоѓа на самиот срт на Илинска Планина, над селото Големо Илино, Демирхисарско. МестоположбаЦрквата се наоѓа на 1.524 метри на зарамнетиот дел на планинскиот превој и самата граница помеѓу општините Демир Хисар и Дебрца. До манастирот водат земјени патишта во насока на селата Брежани и Мало Илино. ИсторијаМанастирската црква е изградена во 1990 година со средства на црковниот одбор и жителите од селото Големо Илино како и на дел од соседното охридско село Брежани. Секоја година на Илинден се одржува голем црковно-народен собор и прослава со многубројни посетители од Големо Илино, Мало Илино, Брежани повеќето села во Демирхисарско, Охридско, Кичевско како и од градовите Демир Хисар, Охрид, Битола и иселеници од Скопје и странство, заради што во дворот на манастирот има 2 конаци. ПатекиОд манастирот води добр ообележана планинарска патека кон врвот Лиска. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia