Мало Илино
Мало Илино — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар. Географија и местоположбаСелото Мало Илино се наоѓа во северозападниот дел на Општина Демир Хисар, во изворишното сливно подрачје на Црна Река, чиј атар се издига до сртот на Плакенска Планина. Селото е планинско, на надморска височина од 950 метри. Атарот зафаќа простор од 16,5 км2. На него најголема површина заземаат пасиштата од 630 хектари, на шумите отпаѓаат 499 хектари, а на обработливото земјиште 250 хектари. Според тоа селото има мешовита земјоделска функција. ИсторијаДенес под горното име постојат две села — Големо и Мало, само неколку километри оддалечени едно од друго; сместени северозапдно од Битола, во Демирхисарско. Според сочуваното предание, порано постело само едно Илино, на преминот наречен Илинска Црква која се наоѓа на околу 3 км западно од Мало Илино. Таму и денес постои црква односно манастирот „Св. Илија“. Оттука селото се преселило поради големите зулуми што ги трпело од вооружените арнаутски дружини, кои доаѓале од областа черменика. Притоа од старата населба настанале две нови - Големо и Мало Илино. Ова предание во голема мера се потврдува од расположливата пишана документација. Имено, додека во пописните дефтери од XV и XVI век (до времето на султанот Селим II) е запишано само едно Илино, дотогаш во битолските кадиски сиџили, почнувајќи од XVII век, се сретнуваат две такви села (Илинелер). Тоа укажува дека раселувањето на старото село и настанувањето на двете нови треба да се бара во интервалот од крајот на XVI до првите децении на XVII век. Најстариот изворен податок за дервенџиската (стражарска) служба на Илино е од околу 1445 година, кога имало 56 домаќинства и 3 вдовици. Веќе во 1519 година бројот на жителите се покачил дури на 116 домаќинства и 5 вдовици, за во 1528/29 година да изнесува 106 домаќинства, 13 неженети и 4 вдовици. Бројкиве покажуваат дека во првите децении на XVI век Илино спаѓало, меѓу поголемите села во Македонија. А потоа судејќи според пописот од1544/45 година дошло до осетно намалување на селото, бидејќи во него биле регистрирани само 32 домаќинства, 5 неженети и 2 вдовици, што најверојатно се должи на преселувањето на населението во новите две села. Имено на пописот од 1568 година селото имало 35 домаќинства, 20 неженети и 1 вдовица. За целото ова време Илино влегувало во Битолската нахија, како составен дел на еден од тимарите. Како дервенџиско село имало задача да го чува патот, кој води од Демир Хисар за Дебар". Всушност тоа бил само дел од значајната артерија што го врзувала Цариград со Албанија (овој пат бил од голема важност уште од антички времиња односно односно дел од познатата Виа Игнациа). Дервенџиската стража бездруго била псотавува на проходот Илинска црква, каде што минува споменатиот пат, доаѓајќи од Прилеп и Железнец и продолжувајќи на Елбасан и Драч. На овој пат патниците му давале предност бидејќи бил покус од оној преку Охрид и Битола. Патот минувал крај старот село, што значи меѓу Големо и Мало Илино. Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3] Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Мало Илино имало 500 жители, сите Македонци христијани.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мало Илино имало 480 жители.[5] Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[6] Мало Илино во 1950 година имало околу 550 жители, во 1961 година било средно по големина село со 350 жители од кои сите биле Македонци, а во 1994 година преминало во мала населба со 106 жители, македонско население. Според пописот од 2002 година, во селото живееле 50 жители, од кои 49 Македонци и 1 останат.[7] Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 34 жители, од кои 32 Македонци и 2 лица без податоци.[8] Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
РодовиМало Илино е македонско село. Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:[13] Староседелци и доселеници со непозната старина: Шундуровци (2 к.), Ѓоргијовци (1 к.), Димовци (3 к.), Несторовци (13 к.), Дуковци (1 к.), Размовци (3 к.), Гроздановци (1 к.), Милошовци (2 к.), Ристевци (1 к.), Цинцаровци (3 к.), Ристановци (6 к.), Смилевци (1 к.), Костадиновци (2 к.), Мицковци (1 к.), Кочовци (6 к.), Савевци (3 к.), Паунковци (4 к.), Брклевци (1 к.), Трајковци (1 к.), Петковци (3 к.) и Илијовци (8 к.). Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Сопотница. Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар. Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Доленци, во која покрај селото Мало Илино, се наоѓале и селата Бабино, Базерник, Брезово, Големо Илино, Доленци, Железнец и Средорек. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната Општина Железнец, во која влегувале селата Големо Илино, Железнец и Мало Илино. Избирачко местоВо селото постои избирачкото место бр. 651 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на селска продавница.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 62 гласачи.[15] Културни и природни знаменитости![]()
Личности
ИселеништвоНаселението од Мало Илино е во голема мера иселено. До 1952 година иселеници има во Бугарија (13 семејства), Србија (8 семејства), Крушево (1 семејство), Битола (8 семејства), Босна (1 семејство) и во Скопје (1 семејство).[13] Посилен бран на иселување е забележан после 1960-тите. Иселувањето водело воглавно кон градовите во Македонија. Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia